fbpx
19 C
Skopje

Кинезите го прават Диего Коста најплатен фудбалер во светот со 775.000 евра неделна плата?

АКТУЕЛНО

Богатиот кинески клуб Тијанџин Кванжан го обнови интересот за голгетерот на Челзи, Диего Коста, и спремени се да го направат најплатен фудбалер во светот со неверојатни 775.000 евра неделна плата.

Трансферот би се реализирал на 19. јуни, првиот ден кога се отвара преодниот рок во Кина, пишува „Скај Спорт“.

Тијанџин кој од клупата ги води Фабио Канаваро, во зимскиот преоден рок го бараше Диего Коста но челниците на Челзи ја одбија понудата, со цел да бидат конкуренти за титулата во Премиер лигата.

Коста моментално заработува во Челзи 179.000 неделно, со договор до 2019. година, но оваа понуда е и тоа како примамлива.

За Тијанџин моментално настапуваат поранешниот напаѓач на Челзи и Милан, Александар Пато и Аксел Витсел, некогашниот играч за врска на Бенфика и Зенит.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -