fbpx
11 C
Skopje

Кире Лазаров ја напушта Барселона – Од следната сезона во францускиот гигант?

АКТУЕЛНО

Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, на кого на крајот од сезоната му истекува договорот со Барселона, во последно време е поврзуван со еден од најдобрите тимови во Франција, Нант.

Од управата на францускиот клуб се оптимисти околу овој трансфер, бидејќи како што велат и самите тие, веќе подолг период се во преговори.

„Имаме голема надеж бидејќи преговараме подолг временски период. Веќе навлеговме и во детали. Сега неговите мисли се свртени кон Нант. Лазаров е фантастичен играл кој е пред крајот на својата кариера и не сака да донесе лоша одлука. Имаме впечаток дека ништо не го блокира трансферот во нашиот клуб. Сепак има разлика од преговори во напредна фаза и реализација“, изјави претседателот на Нант, Гаел Пелтје.

Останува да се види дали најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства, токму Нант ќе го одбере за клуб во кого ќе ја заврши можеби и својата богата кариера.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -