fbpx
5 C
Skopje

Коалициониот партнер на СДСМ: Гоце Делчев бил Бугарин исто толку колку што се Бугари Македонците со бугарски пасоши

АКТУЕЛНО

Политичката партија „Достоинство“ денеска ја одржа својата годишна конвенција во хотелот Александар Палас.

На конвенцијата зборуваа полковникот во пензија Благоја Марковски, Марјан Огњановски, кој најави дека си оди од Обединети и доаѓа во Достоинство, спортистот Тоше Зафиров и претседателот на партијата Стојанче Ангелов. Тој ги повика граѓаните да се приклучат на „Достоинство“, особено ако се против режимот на ВМРО ДПМНЕ и се што во изминатите години оваа партија го направи.

Како што и најави на својот Фејсбук профил, претседателот на партијата Стојанче Ангелов говореше за повеќе теми меѓу кои за македонскиот јазик, но и за наградувањето на правото за користење на албанскиот, за промените на изборниот модел, за бенефитите од влезот во НАТО и ЕУ…

Тој се осврна на историското ВМРО ДПМНЕ, но повеќе зборуваше за денешното за кое рече дека се лицемери и се што прават е за да дојдат на власт.

-И ВМРО ДПМНЕ преговараше за името. И ако навистина сакаа можеа да го спречат Договорот од Преспа. Можеа да поденесат 5.000 амандмани во Собранието и сето тоа да го одвлечат во недоглед. Можеа да организираат масовни протести. Но, не. Тие не го направија тоа, со изговор дека ако тие преговарале ќе сме имале поубаво име, истакна Ангелов.

Промената на името ја спореди со тешка болест и лек, кој иако предизвикал некои други помали потешкотии ја излекувал Македонија. Пациентот Македонија е жив и веќе е член на НАТО, истакна Ангелов.

Откри дека во минатото, откако „Достоинство“ е политичка партија на изборите освојувале околу 10.000 гласови, претежно од Бранителите и нивните семејства, а само премиерот Зоран Заев се заложил за нивните права, повеќе заради неговата добра волја.

-Ние бевме против терористите на УЧК, но гласачите гласаа за ВМРО ДПМНЕ и за СДСМ, не гласаа за Достоинство. ВМРО ДПМНЕ бараше 60 пратеници за да не биде уценувана, и веднаш откако доби 63 пратеници и дојде на власт ги амнетираше терористите. Замислете сега бараат повеќе од 80 пратеници и што ќе направат ако го добијат тоа, праша Ангелов.

Ангелов зборуваше за петте точки кои ќе бидат во програмата на „Достоинство“:

1) Македонскиот јазик, идентитетот и јазикот не смеат да бидат предмет на било какви преговори со било кого.

2) Го поздравувија надградувањето на правото на користење на албанскиот јазик, но тоа никако не смее да биде надвор од границите зацртани во мислењето на Венецијанската комисија.

3) Промена на изборниот модел – Македонија една изборна единица без долен праг.

4) Бенефит од влезот во НАТО и датумот за преговори со ЕУ.

5) Статусот, проблемите и правата на бранителите и на членовите на нивните семејства. Неколку иницијативи и конкретни мерки како што се иницијативи за одликување на тројца починати армиски и полициски генерали, воени инвалиди и бранители од 2001-та, денот на освојување на тетовското Кале (25 март 2001-та) да биде определен како „Ден на македонските бранители“, обесштетување на 14 необесштетени семејства на загинати бранители и уште неколку други иницијативи.

Aнгелов посвети внимание и на македонскиот револуционер Гоце Делчев за кого деновиве расправаа македонските и бугарските историчари.

-Гоце Делчев бил Бугарин исто толку колку што се Бугари Македонците со бугарски пасоши, рече Ангелов.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -