fbpx
13.8 C
Skopje

Кочо Анѓушев: Македонија јаснo кажа дека сака да стане дел од ЕУ и НАТО

АКТУЕЛНО

Да се отстранат административните бариери и да се направи заеднички пазар. Државите треба да се занимаваат со проекти кои ќе обезбедат логистика за бизнисот. Македонија даде јасен сигнал дека сака да стане дел од европското семејство, расте бројот на странските директни инвестиции, ги изедначивме критериумите за домашните и странските инвеститори.

Ова го истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економски ресори Кочо Анѓушев на панелот „Регионална соработка, предизвици и персепктиви“ во рамки на дводневниот

Самит на 100 бизнис лидери од Југоисточна Европа, во Белград на кој учествуваат над 200 најистакнати деловни лидери од Србија, Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија и претставници на државите од регионот.

Според него две работи се важни. Првата дека Македонија е на добар пат со законот за финансиска поддршка на индустријата и на инвестициите, со кој нудиме една брза индустријализација на Македонија.

– Со ова ќе овозможиме најстабилен развој на долг рок. Мислам дека сме тука на добар пат, за што слушннавме доста комплименти и мислам дека имаме добри закони, изјави Анѓушев. Вториот предуслов, додаде, за секој инвеститор е стабилна држава и вледеење на правото, а тоа е токму тоа што во моментот, вели, го правиме, интензивно се приближуваме до евроатласките организации.

– Таквите интеграции нудат поголема сигурност за инвестриторите. Она што се случува во државата е признаено како позитивно, бројот на инвеститори се зголемува, само во последната гоидина имаме 16 нови такви договори и тие ќе се множат во следните години.

Тоа во регионот е препознаено како позитивен пример и мислам дека треба да опстоиме на патот на евроатласките интеграции на нашата држава. Последните случувања во нашата држава, само кажуваат дека сме на добар пат и дека се подржувачки во овој процес, рече Анѓушев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -