9 C
Skopje

Кочо, Орце, Сашо и Баба Пенка – солидарни

АКТУЕЛНО

Помина времето кога бараа од нас да бидеме трпеливи. Сега бараат да бидеме солидарни…

Следниот пат, кога ќе побарате солидарност од граѓаните, дами и господо од власта, барем не ги објавувајте одобрените тендери за илјадниците евра, пари на истите тие граѓани потрошени за морски плодови, јунешки стекови, ф’стаци, лешници и други задоволства наменети за осетливите функционерски стомаци.

Бидете вулгарно нетранспарентни…

Вие пак јадете си ги скапите намирници, но барем не им кажувајте на граѓаните дека ги ебете преку панталоните.

Од кого ја барате таа солидарност? Бидете поконкретни, бидејќи повикот за солидарност до сите граѓани, освен милионерите Орце Камчев и Кочо Анѓушев списокот ги вклучува и луѓето со расипани од немаштија заби, кои дури и да сакате да ги послужите со веќе нарачаните апетисани, љубезно ќе ве одбијат.

Што ќе им препорачате на тие луѓе… редовно да си ги мијат малкуте останати во устите заби, како што ни препорачувате редовно да миеме раце заради короната?

Од кого барате солидарност? Од дотепаните од вас членови на неугледни фамилии?

Барате донации од тие кои немаат моќ да останат анонимни кога ќе направат некоја „зелена“? До нивните денарчиња ли дојдовте?

Побарајте солидаризирање од газдата на туристичката агенција Атлантис од Струмица, Сашо Дончовски, го имате тоа морално право, бидејќи како што покажува вашата транспарентност, без ниту еден грам жалење сте го „отепале“ од тендери.

Вие немате срам!

Од пензионерите ли што ги оставивте со мизерни пензии барате да се солидаризираат со вас во овие тешки моменти?

Или пак можеби барате луѓето што работат за минималец од 14 500 денари на хартија, да бидат така добри, како што се и трпеливи да ви донираат?

Побарајте солидарност од 120-мината рамковни вработени во парламентот, кои и покрај тоа што не работеа примаа плати. Бидете популисти, направете си реклама сега пред избори. Бидете поконкретни, за да не станувате мета за тролање и фаќање сеир.

Не ви смета тролањето?

Нека се смее народ.

Народот се смее, но за жал вашиот хумор е попосен и од глупите вицови на Војче Китановски. Вашиот хумор е поглуп и од најглупата изјава на познатата епидемиолошка од Житораџа, која преку социјалните мрежи нѐ просветли дека коронавирусот не бил толку страшен.

Ќе ви донираат, не се секирајте. Ќе се најдат неколку илјади партиски послушници, за да не помине оваа идеја без реализација. Ќе ја соопштите бројката на „солидарните“ на посебен прес и ќе ги дадете за пример на останатите.

Да ви кажам ли што нема да соопштите на прес?

Никогаш нема да ја спомнете баба Пенка од Смојмирово, која само еднаш во животот пробала чоколадо со цели лешници, ама ги плукнала лешниците, бидејќи заботехничарот Петко и направил забна протеза, што ѝ убива на непцата, бидејќи протезата, како и повеќето материјални нешта во нејзиниот тежок живот се од поевтините.

Автор: Атанас Величков линк до изворот Трибуна ТУКА

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Д-р Караџовски: До последните капки пот од нос ќе работиме

Д-р Жарко Караџовски на денешната прес конференција напомена дека најголем број од пациентите се со лесна клиничка слика. Дел од симптомите се слабост малаксаност,...

Заврши најновата владина седница: Донесени се следните одлуки

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ги усвои дополнувањата на ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година...

Ковачев: Наместо бугарски фашистички окупатор пред споменицоте да стои бугарска администрација составена главно од Македонци

Откако министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во едно од своите телевизиски интервјуа се закани дека ќе испрати полк во Македонија кој ќе...
- Advertisement -