fbpx
4.8 C
Skopje

Кога ќе почнете да ја почитувате државата која ви даде се!? Дебитираше за Македонија, а облече маица – Куманово е Албанија!

АКТУЕЛНО

Кога на 26 мај 2014 година, младото момче Таулант Сулејманов стана најмладиот фудбалер во историјата на Македонија кој дебитирал за сениорскиот тим, очекувањата на јавноста, беа дека имаме нов голем талент, кој ќе го наследи Горан Пандев, дотогаш најмладиот што заиграл за А-тимот. Сулејманов на дуелот со Камерун настапи со 17 години, 6 месеци и 12 дена – четири месеци порано од дебито на нашиот актуелен капитен (17 години, 10 месеци, 11 дена).

Но, како обично бива, очекувањата се распрснаа како меур од сапуница. Ниту од Сулејманов бидна нешто крупно, ФФМ и тогашниот нејзин избраник Бошко Ѓуровски по којзнае кој пат се излетаа со своите оптимистички прогнози, па каменот долета синоќа, токму од нивниот тогашен миленик, пишува порталот Sport1.mk 

Таулант, кој во меѓувреме се „освестил“, го сменил презимето во Сефери и решил да игра за младата селекција на Албанија, по мечот со Белорусија, од ништо предизвикан во соблекувалната покажа дека под дресот носле маичка на која пишува „Куманово е Албанија“.

Не ни очекуваме од „умните глави“ во ФФМ некаква реакција за ова, среќа што во меѓувреме Дарко Чурлинов од Келн го „урна“ рекордот дебитирајќи на дуелот со Белорусија со 16 години и осум месеци. Па нема да биде запишано дека рекордерот имал националистички претензии…

Извор: Спорт1.мк 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -