18 C
Skopje

Кои се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои би можеле да гласаат за уставни измени и при ваков резултат и неуспешен референдум

АКТУЕЛНО

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

Да. Факт е дека референдумска одлука не може да постои доколку на референдумот не се изјасниле повеќе од 50 % од избирачите. И покрај кампањата и убеденоста дека цензусот ќе биде обезбеден нешто повеќе од 250 илјади граѓани недостасуваат со цел истиот да биде исполнет.

Во една ваква ситуација, и покрај тоа што огромното мнозинство од тие што излегоа се одлучија да гласаат „ЗА“, сепак факт е дека не може да се занемари бројот на оние кои на некој начин се одлучија да останат дома, со цел да не биде обезбеден цензус, а со тоа и да пропадне и самиот референдум.

Вчера бевме сведоци дека и двата табори, и власта и опозицијата славеа некоја своја победа. Едните веруваат дека треба да се следи волјата на граѓаните кои излегоа да гласаат, другите пак сметаат дека референдумот е неуспешен и неважечки поради малиот одѕив.

Она што е многу интересно е дека и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа на референдумот и покрај тоа што лидерот на партијата и потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николовски како и генералниот секретар на партијата не гласаа.

Драган Данев, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, Жаклина Пешевска и Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ според пишувањата во медиумите се тие кои гласаа на референдумот. Во една ваква ситуација, на социјалните мрежи кружат прашања со основано сомневање дека истите пратеници би можеле можеби и да ги поддржат уставните измени во Собранието, нешто на кое што вчера повика и премиерот Зоран Заев.

Јас како член и симпатизер на ВМРО, на организацијата, но пред се како Македонец, ги повикувам истите да ја почитуваат волјата на граѓаните, волјата на сите Македонци кои јасно кажаа “НЕ“ на Договорот од Преспа.

Го повикувам лидерот Мицкоски да гарантира дека неговите пратеници можат да бидат верни на организацијата и на Македонија. Во спротивно, тешко му се пишува и на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се на Македонија.

Автор: Бранко Димитровски

Порталот Поглед се оградува од ставовите на нашиот читател, и истите не претставуваат став на нашата редакција и медиум. 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -