Иако никотинот, супстанцата во цигарите што создава зависност, нема интензивно дејство како кокаинот или хероинот, откажувањето од него може да биде исто тешко како и од овие супстанци.
Причината се силните психолошки и физички симптоми на повлекување, кои се појавуваат веднаш штом никотинот почнува да го напушта телото.
Симптомите на повлекување се различни кај секого, а некои ги чувствуваат посилно од другите. Воглавно, симптомите се најсилни помеѓу првиот и третиот ден и постепено се намалуваат во период од 3 до 4 недели.
После овој период, никотинот е целосно отстранет од телото. Но, и после сето ова време, психолошките ефекти можат да останат.
Разбирањето на ефектите на повлекување на никотинот е клучно за успешно откажување од цигарите. Кога ќе бидете свесни за реалните предизвици кои доаѓаат со откажувањето од цигарите, полесно ќе се подготвите ментално.
Како влијае никотинот врз мозокот?
Кога личноста вдишува чад од цигара, никотинот, заедно со илјадници други супстанци, се апсорбира преку носот, устата и белите дробови. Одовде никотинот влегува во крвотокот, за на крај да стигне до мозокот.
Во мозокот никотинот ги активира центрите за награда и задоволство, зголемувајќи го нивото на допамин. За никотинот е познато дека има влијание и врз деловите од мозокот одговорни за дишење, меморија, апетит и пулс.
Мозокот многу брзо станува зависен од овој ефект. Со годините, мозокот се подготвува за пушење во разни ситуации каде што бил наградуван од никотинската стимулација. Најчесто ова е причината за тешките симптоми на повлекување.
Неретко пушачот го поврзува пушењето со разни активности, како што е социјализирање со пријателите или чекање автобус. За страсниот пушач, дури и излегувањето од домот може да предизвика желба за цигара.
Симптоми на повлекување на никотинотЖелба за цигара
Кога рецепторите во мозокот одеднаш се соочени со недостаток од никотин, закочува и производството на допамин. Ова е моментот кога започнуваат проблемите.
Само неколку часа по последната цигара ќе забележите интензивна желба за пушење. Желбата за никотин може да трае од 5 до 30 минути и може да биде навистина непријатна. Добрите вести се што кога-тогаш, желбата ќе исчезне.
Постојано чувство на глад
Желбата за храна е нормален ефект од откажувањето од цигарите. Никотинот го поттикнува ослободувањето на гликоза од мускулите и црниот дроб и го менува одговорот на инсулин.
Во отсуство на никотин, се намалува нивото на шеќер во крвта, со што се појавува желба за јаглехидрати. Во овие околности можно е да се здебелите. В