fbpx
4.8 C
Skopje

Кој беше Влатко Илиевски и како ја започна кариерата, која прерано заврши!

АКТУЕЛНО

Македонскиот поп пејач и актер Влатко Илиевски (33) својата кариера ја започна во почетокот на 2000-те и се стекнa со голема популарност ширум македонската публика. Изведуваше музички композиции со поп и рок елементи. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претсавуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“. Пред да ја почне својата соло кариера, тој беше дел од музичката група „Морал“.

Завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломираше со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг.

Влатко Илиевски беше роден на 2 јули 1985 година во Скопје. Со неговата 12 годишна возраст тој започнал да свири на гитара во локалните скопски бендови. Првите посериозни почетоци му биле со групата „Made in Macedonia“ во 2000 година кога освоиле две награди.

Во 2000 година, македонскиот рок бенд „Морал“ му понудил на Влатко Илиевски да се приклучи на бендот. Во 2001 година тие ги снимиле своите први песни, а во 2003 година го завршиле својот албум „Кога патувам“. Албумот бил составен од песните: „Панично те сакам“, „Скопје“, „Ти си“, „Ова е Македонија“ и „А ти ме убиваш“. Во 2005 година „Морал“ биле предгрупа на концертот на „Дип Прпл“ (Deep Purple) во Скопје

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -