2 C
Skopje

Кој е најраниот симптом на корона што може да ви го спаси животот: Се јавува неколку дена пред сите други

АКТУЕЛНО

Како ви се допаѓа новиот изглед на скопската стара чаршија?

Неодамна, Општина Чаир го заврши проектот за Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир, во рамките на Проектот за Локална и Регионална Конкуренција (ПЛРК)...

Николовски: Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ

На денешната прес конференција во Штип генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го претстави кандидатот на СДСМ за предвремените локални избори, Др. Сашко Николов. „Штипјани...

Д-р Сашко Николов : Солидарноста, професионалноста и работа за сите граѓани подеднаkво е мое мото, моја заклетва пред вас.

Важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат од вас граѓаните. Штипјани заслужуваат реализација на проектите кои ги набројав сега, но и на...

Словенците за само 10 дена успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана

За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински...

Ковид-19 е заразна болест што е потврдена кај повеќе од 30 милиони луѓе ширум светот. Иако многумина од нас ги имаат запаметено првите симптоми на оваа многу заразна болест, постојат знаци кои би можеле порано да ве предупредат дека сте заразени.

Според британското здружение на дерматолози, кое ги анализирало пријавените симптоми преку апликацијата Студија за симптоми на Ковид, сувите, болни и испукани усни може да бидат еден од најраните знаци.

Оралните знаци на коронавирус се само мал број можни симптоми кои се појавуваат на кожата.

– За време на пандемијата на коронарниот вирус, стана јасно дека покрај главните симптоми на треска и кашлица, симптомите можат да се развијат и на кожата. Извештаите од Кина, а потоа и од Европа, покажаа дека САРС-КоВ-2 во 20 проценти од случаите покажува симптоми на кожата, бидејќи вирусот предизвикува многу имунолошки реакции, па затоа не е ни чудо што кожата е вклучена во приказната.

Така можете да почувствувате болни усни, кои се сушат и се лупат. Може да се појави и болка во устата – се наведува во изјавата на дерматологот.Сепак, само затоа што усните се суви, не мора да значи дека имате корона вирус, особено во овој период од годината.

За да не влезете воопшто во дилема, совет е да ги покриете усните со шал за време на студеното време кога сте надвор.

Меѓутоа, ако усните се различни од вообичаеното во овој период од годината, советот е веднаш да се изолирате и да се тестирате пред да се појават очигледните симптоми.

Како болеста Ковд-19 напредува, симптомите почнуваат да изгледаат како грип, кој се уште е присутен во овој период од годината. Заразените ќе почнат да имаат грозница, замор и болка во телото. Исто како и кај грипот.

И коронавирусот и грипот можат да донесат до воспаление на градите, во тешки случаи. Единствениот начин да се утврди разликата е си тест.

Кога одите кај доктор, прво веројатно можат да направат тест на грип за да утврдат дали имате или не. Ако имате грип тогаш тоа не е тоа, вели докторот Роберт Нортон, професор на Универзитетот Аубурн.

Кога почнуваат симптомите?

Повеќето луѓе ќе развијат симптоми од два до 14 дена по заразата од корона вирусот.

Дали луѓето можат да го добијат без да покажуваат симптоми?

Апсолутно да, вели Хазелтин. Некои луѓе се носители на вирусот и го имаат без да развијат симптоми.

И загрижувачки е тоа што луѓето кои се асимптоматски се уште можат да го шират вирусот па затоа сега социјалното дистанцирање е од суштинско значење во забавувањето на ширењето на болеста.

Кој е најмногу ризичен?

Како што вели овој доктор, сите имаат подеднаква шанса да се заразат од вирусот. Но одредена демографија е во многу поголема опасност да развие потежок облик на инфекцијата од новиот корона вирус.

„Ризична група на луѓе се постарите, бидејќи сите што се постари имаат послаб имунолошки систем. И секој што има сериозна астма или е тежок пушач. Секој на кој му е ослабен имунитетот бидејќи е на лечење од канцер, или прима нови лекови за артритис.

Било кој од овие луѓе изложен е на поголем ризик. Но корона вирусот исто така може да биде кобен и за помладите луѓе ако добијат тешка инфекција на градите. Затоа младите луѓе не треба да мислат дека се имуни на оваа нова болест“, заклучува овој познат доктор.

Инкубација, симптоми и превенција

Инфекцијата од новиот корона вирус има период на инкубација од 1 до 14 дена. Но студија објавена во Журналот на американското медицинско здружение, откри нов доказ дека вирусот може да се шири асимптоматично. Според нивните преценки, секое заразено лице за време на епидемија во просек инфецира од едно до три лица.

Инфекцијата од корона вирус има широк спектар на симптоми, вклучувајќи и грозница, кашлање, кратко и отежнато дишење.

Благи случаи укажуваат симптоми како кај настинка, додека потешките можат да доведат до воспаление на градите, тешки респираторни заболувања, престанување на работата на бубрезите, што може да биде кобно за заболените.

Најдобра превенција е често миење на рацете и дезинфекција на површините, носење на маски и ракавици во јавен превоз и во затворен простор во кој има повеќе лица.

Извор Newzupdate

Повеќе објави: Венко Филипче со објава за итната медицинска помош. Вработените во Итната медицинска помош се нашите суперхерои. Тоа што тие го работат не е обична професија, тоа е повик за спасување на човечки животи. Секој ден, девет месеци, тие деноноќно се грижат за пациентите, ги спасуваат нашите деца, родители, пријатели.

Погледнете ја атмосферата во една вообичаена ноќ во Службата за итна медицинска помош од фоторепортерката Арбнора Мемети од новинската агенција Мета.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Реакција од ВМРО НП: Се повеќе изјавите и настапите на Филип Петровски наликуваат на Македонски народни приказни

Изјавите на политичарот и аналитичарот во обид Филип Петровски во емисијата ‚‚Во Центар‚‚ кај Васко Ефтов и директните обвинувања кон лидерот на ВМРО-Народна партија...

Вистински пример: Градоначалникот на Прилеп го замени оделото и фотељата со скафандер и бел мантил

Градоначалник за пример! Човек, лекар, хуманист кој на многу доктори-политичари, пратеници и функционери им покажува како вистински се сака својот народ Работам се што треба...

Нанесете го ова на темото и косата побрзо ќе ви расте – нема да се покаете

Изгледа е вистина дека сокот од кромид може да се користи за спречување на опаѓањето на косата. Многу шампони и тоници за коса, содржат...

Во Македонијава наша експерти за корона станаа сите маалски „фраери“ кои чекаат пари од тато и мама за да се напијат едно кафе со...

Со години живеам надвор од Македонија. Сум живеел во Словенија, сум живеел во Канада, а сега живеам во Швајцарија. Во сите држави во кои...

Наставник купил лажна дијагноза за да биде подолго на одмор, следувало нешто незамисливо

Еден наставник по англиски јазик идентификуван само како г-дин Ду, кој работи во приватно училиште во Внатрешна Монголија, бил принуден јавно да се извини...
- Advertisement -