fbpx
13.8 C
Skopje

Кој ќе ужива во љубовта, кому ќе му се оствари долгоочекуваниот сон – Неделен хороскоп

АКТУЕЛНО

Овен

Пред вас е период со минамални грижи. Работно ќе се одвиваат нештата со темпо на кое сте навикнати и тоа ќе ви годи, додека пак на емоционално поле ќе можете да очекувате многу интересно познанство со друг огнен знак – Лав или Стрелец. Ќе имате многу енергија и ќе ја користите на добар начин.

Бик

Ве очекува зголемен прилив на пари или пак зголемена заработувачка која не сте ја очекувале. На љубовен план ве очекува мирен период со личноста со која сте во врска. Доколку сте сингл, можно е запознавање со личност која ќе ви се допадне во текот на оваа недела, и иако ќе биде интересно да се дружите, врска нема да се развие од тоа. Потрудете се да се храните што полесно оваа недела и да пиете повеќе течности.

Близнаци

На љубовен план ве очекуваат интересни случувања. Без оглед на тоа дали имате партнер или не, ве очекува убав флерт со личност која е помлада од вас. Ако не сте во врска, можно е таквото познанство да се развие во врска. На работен план ве очекуваат убави можности, но важно е внимателно да гледате и слушате.

Рак

Не сте претерано задоволни од работата која ја извршувате, но финансиската сигурност ви е многу важна и затоа не сакате да размислувате премногу. На љубовен план, ќе се развие врската на едно поубаво, повисоко ниво и можете да очекувате да направите убави планови за иднината : заедничко патување, запознавање со колегите, заедничко живеење, па дури и брак.

Лав

Пролетта ќе влијае позитивно на вас и нема да имате многу добра концентрација за работа или училиште. Нема да ве интересираат работните активности, хартии и преговори. Евентуално ќе бидете продуктивни само ако работите во креативни индустрии. Се чувствувате заљубено дури и ако не сте, а доколку сте, тоа чувство пријатно ќе делува на вас. Ќе се случат промени кои не сте ги очекувале.

Девица

Можно е оваа недела да не успеете да го остварите тоа што сте го планирале, кога станува збор за работата. Бидете трпеливи и не брзајте. Оставете работите да се одвиваат сами од себе. Кога е во прашање љубовта, ќе бидете повлечени и ќе ги набљудувате оние кои ви се допаѓаат само од далеку, без директна комуникација. Потрудете се да најдете начин за да се одморите од се и да соберете енергија.

Вага

Во овој период нема да бидете оптеретени со работа и ќе имате доволно време да уживате во своето слободно време. Ќе знаете да го искористите тоа за читање, прошетка и кафе со оние кои ви значат. Некој ќе открие што чувствува за вас во текот на оваа недела и тоа ќе донесе до интересни случувања на емотивен план.

Шкорпија

Среќата е на ваша страна оваа недела. Без оглед на тоа дали станува збор за промена на работата, или напредок на работното место. Конечно ќе остварите комуникација со личноста со која долго сакате да се запознаете. Оваа недела можете сѐ. Ќе имате сѐ што посакате и уживајте во тоа.

Стрелец

Доста среќа ве очекува оваа недела, но и полна рака пријатели кои ќе ви помогнат за што и да ви затреба. Можно е ваквата помош да доаѓа и од странство и да нуди нешто што не можете да го одбиете. На емотивен план ве очекуваат многу ситуации, и повеќе прилики за флерт. Искористи ги и забавувајте се! Пролет е.

Јарец

Конечно ќе ви се исплати трудот кој го вложувавте во работата. Можно е унапредување или некој финансиски напредок. Кога е во прашање љубовта, ќе бидете пољубоморни оваа недела, дури и ќе претерувате. Контролирајте се бидејќи вашиот партнер нема да биде одушевен со вашите испади, а не е ни навикнат на нив.

Водолија

Многу поволен период за сите Водолии особено оние кои се во потрага по партнер. Важни се и стабилноста и посветеноста, а оваа недела тоа и ќе го најдете. Можноста е личноста со која ќе стапите во врска да ја познавате веќе, но сега ќе почнете да ја гледате со нови очи. Потрудете се повеќе да спиете бидејќи ќе ве следи чувство на омалаксаност и замор.

Риби

Ве очекува многу работа оваа недела, но и солидна заработувачка. Ќе ви биде многу напорно, но вие ја работите работата која ја сакате и тоа е добро. На емотивен план не сте целосно задоволни, бидејќи ништо не е како што замислувате, но не сте подготвени за поголеми промени.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -