19 C
Skopje

Купете си карта и качете се на возот на Тито – луксузниот син воз на Маршалот отворен за сите (Видео)

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Одраз на носталгија во очите на патниците. Луксуз со стил. Симбол на нераскажаната моќ на една држава и на еден државник. Тоа е синиот воз на Јосип Броз Тито.

Најпознатиот состав на југословенските железници, сега под името „Возовите на Србија“, го постави во петок, 29 ноември, за роденденот на социјалистичка Југославија на шините од Белград до Ужице и за прв пат ги отвори своите раскошни вагони кон обичните патници кои купија билети за дводневната туристичка програма на Синиот воз до Република Ужице “.

Инаку, од 2005 година овој воз е во комерцијална употреба и може да се изнајмува за убава сума пари што варира во зависност од која дестинација ќе патува и што ќе им биде достапно на сите оние кои би биле на располагање да бидат „Тито“ барем на 24 часа.

Најчесто го изнајмуваат Англичани, богаташи кои се венчаваат, прославуваат родендени или јубилеји на свои компании.

До заминувањето на Јосип Броз Тито, возот единствено се користел за превоз на претседателот на СФРЈ, високи државни и политички личности и странски државници на патувања во земјата и странство.

Возот е произведен во 1959 година во фабриката за шински возила „Гоша“ во Смедеревска Паланка и во фабриката за вагони „Борис Кидрич“ во Марибор. Името му го дале работниците во фабриката бидејќи е обоен во сино, со цел да се разликува од останатите во тоа време, главно зелени, композиции на Југословенската железница. Возот го сочинувале десет вагони на „Главниот воз“ и осум вагони на „Првиот воз“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -