fbpx
27.8 C
Skopje

Кој живее во Ватикан

АКТУЕЛНО

Ватикан – градот на Папата, отсекогаш бил обвиткан со мистерии и тајнственост. Само затоа што е потешко да се влезе зад неговите ѕидови, освен на плоштадот Свети Петар и во Ватиканските музеи, достапни за сите.

На многу мала територија се собрани ремек-дела на музиката и уметноста, собирани со векови од целиот свет. Но тука има и еден мал свет кој малкумина го познаваат. Бидејќи една држава е таква најмногу благодарение на своите државјани. Интересен факт е дека државјаните на папската држава намалуваат со текот на времето.

„Во седумдесеттите години тука имаше два фудбалски екипи, беше полно со деца, играа билијард” – се сеќава отец Бруно Силвестрини. Ватикан е полн со народ во текот на денот – тука доаѓаат милиони туристи, луѓе кои сакаат да се крстат или оженат во некоја од црквите. Но ноќе остануваат само малкуте жители.

Реално малкумина се оние што живеат во Ватикан освен папата, кардиналите, епископи и свештеници. Најмногу се членовите на швајцарската гарда – ова се оние чудесно облечени војници, кои го заштитуваат папата со векови. Тие живеат тука заедно со своите семејства.

Одредени функционери кои не се свештеници имаат раководни должности. Како командантот на жандармеријата – Доменико Џани, мажот кој често стои оддесно на папата за време  на неговите јавни настапи. Папата се чува фактички од две единици – жандармеријата и швајцарската гарда. Друг висок ватикански службеник кој живее во Ватикан и не е свештеник, е Џовани Марија Виан – главен уредник на ватиканскиот весник „Осерваторе Романо“.

Според податоци на весникот „Кориере дела сера“ од април месец – Ватикан има 605 граѓани, од кои 429 жители и 199 лица со постојана адреса. Меѓу нив мирјаните – т.е. оние кои не се свештеници или калуѓерки се само 26, освен нив тука се 105 воени, има 36 жени, а откако ќе се додадат семејствата на швајцарската гарда, составени од сопруги и деца бројот расте на 62. Постојана адреса имаат 6 мажи и 16 жени.

Ватикан никогаш немал огромна популација, ниту пак сериозен демографски прираст, со оглед на тоа дека повеќето жители се свештеници, кои немаат право да се женат и соодветно да имаат жени и деца.

Пред осумдесет години, сепак, според пописот од 31 декември 1936 година, имало 746 граѓани, меѓу кои 94 свештеници, 37 монаси и монахињи и 615 мирјани, од кои 324 биле со своите семејства.

Најчудната држава во светот

Ватикан е најмалата, но и најчудната држава во светот. Тоа е град-држава со форма на управување апсолутна монархија. Целата власт е во рацете на папата, како законодавната, така и извршната и судската. Тоа потекнува од историјата, од времето кога Папската држава ја зафаќала половина Италија а папата си бил вистински владетел на реални територии. Сето ова не постои од 1870 година.

Во современиот изглед како територија и уредување Ватикан е создаден во 1929 година со потпишувањето на Латеранския договор. Територијата е со симболични димензии, 44 декари. Основната цел на државата е да „обезбеди реално и видливо присуство“ на папата и така да ја гарантира слободата на „Апостолски престол“.

Државјанството се дава од папата

Затоа законот за државјанство е единствен од ваков вид. Граѓаните и тие што престојуваат во Ватикан се со привремен статус. Државјанството се дава или се одзема од папата и од овластени од него лица. Не е важно дали твоите родители се ватикански државјани или си роден таму. Ватикански државјанин може да биде секој, додека извршува одредени услуги за Светата престолнина. И децата на граѓаните на Ватикан остануваат такви додека се државјани нивните родители или не наполнат 18 години.

Освен папата, кој е вечниот граѓанин на Ватикан, како и почесниот папа, ватикански граѓани се кардиналите, кои живеат во Ватикан, дипломатите на Светата престолнина оние кои се таму “по службени причини”.

Банкоматите зборуваат  латински

Банкоматите во Ватикан даваат пораки на латински: «inserto scidulam quaeso ut faciundam cognoscas rationem» – „Ве молам, ставете ја картата за да пристапите кон дозволената операција“. На располагање на жителите на Ватикан, како и на вработените се аптеката, во која доаѓаат луѓе со рецепти од целиот свет, супермаркет, опремен со квалитетна роба на пристојни цени, како и продавница за облека, часовници и цигари. Цените се пониски отколку во Италија, бидејќи Ватикан е пофлексибилен во даноците и акцизите. Бензинот исто така е многу поевтин од тој во Италија.

Во супермаркетот на Ватикан може да се пазари само со посебна картичка, на која имаат право граѓани на Ватикан, на вработените во Ватикан, нивните роднини и пријатели. Обичните Римјани не можат да пазаруваат без таа картичка.

Вратите на папската држава се затвораат во 1,15 во текот на ноќта и отвораат повторно во 5,45. Ако некој задоцни, треба да ѕвони на ѕвончето и дежурен припадник на Швајцарската гарда ќе дојде да му отвори.

Освен демографскиот тренд за намалување на населението, повеќето жители на Ватикан се свештеници. Нешто што порано не било така. На пример од 1929 до 1952 година гувернерот на Ватикан бил Маркиз Камило Серафини. На крајот на векот, друг Маркиз – Џулио Сакети бил “специјален директор” во Говернатората – управата на градот Ватикан. Денес овие позиции се заземени од епископи.

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -