fbpx
5 C
Skopje

Која е „крвната група“ на која припаѓа Македонија?

АКТУЕЛНО

Од 1998 година па се до ден денешен сите Влади без исклучок во својата програма ветуваат европска иднина на државата. Почнувајќи од владата на Љубчо Георгиевски, потоа СДСМ, па доаѓањето на Груевски во 2006, без исклучок значи ветување за европска иднина на Македонија.

Сите Влади, на свој начин веројатно и придонеле за да Македонија тргне на тој европски пат, иако секоја, исто така, на свој начин си направила сопки на тој пат. Поради корупција, несредена администрација, немање доволно реформи во земјата, партизираност во општеството.

Сепак, од денешна перспектива на работите и жртвите кои ги даде државата, име, јазик, Рамковен договор, договор со Бугарија и што ли уште не, сепак се уште нема доволна гаранција дека во блиска иднина ќе бидеме членка на ЕУ. Последната сопка на тој пат е токму од нашите браќа и сестри од Бугарија. Оние кои велат дека секогаш не поддржувале.

Оттука се поставува прашањето – која е крвната група на која припаѓа нашата држава? Зарем не беше доволно понижувања, страдања, сопки, удари? До кога ќе трпиме и зошто? И дури ова ни се случува секој македонски граѓанин, без разлика на неговата верска, национална, етничка припадност бара чаре да замине од оваа држава. Зошто? Бидејќи живее исто како што и живееше. Приказните за подобар живот останаа само на слово хартија и на збор. Делата зборуваат друго. Граѓаните денес не живеат подобро од времето на „диктаторот Груевски“. Напротив. Живее потполно исто, а можеби и полошо. Здравството е на колена, вакцините ги нема, а економијата ни е на „завидно ниво“. Можеби Заев лично и не е виновен за тоа, но факт е дека многу од работите кои неговиот тим ги води, не донесоа позитивен резултат.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -