fbpx
6.8 C
Skopje

Која општина има најголема, а која најмала излезност за референдумот?

АКТУЕЛНО

Државната изборна комисија ги обработи сите податоци за излезност до 15 часот. Во продолжение по општини колкава е излезноста.

Во општина Сарај има најголемна излезност од 15 часот, покажуваат податоците од Државната изборна комисија. Таму до овој пресек на референдумот се изјасниле 36,5 отсто од запишаните избирачи. Претходно односно во 13 часот, општина Центар беше општина со најголема излезеност. Во 15 часот таа е на второ место односно таму до тогаш излегле 34,9 отсто од регистрираните избирачи.

Во Карпош излезноста е 32,2 отсто од запишаните гласачи. Во Крушево 28,87 отсто, Гевгелија 27,19 отсто, Дојран 27,66, Арачиново 26,77, Аеродром 24,99 отсто, Берово 24 отсто, Богданци 24,09, Бутел 24,45, Долнени 24,43, Кочани 23,82, Македонски Брод 23,39, Охрид 25,30, Прилеп 25,25, Струмица 24,11, Тетово 26,18, Чаир 27,45 …

До 15 часот најмала излезност има во Општина Ново Село каде излегле 9,9 отсто од гласачите, во Илинден 10,49 отсто, Босилово 11,44 отсто.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -