32 C
Skopje

Колариќ до Шилегов: Како може да се објавува јавен повик за парк на место на кое што во моментот е објект Универзална сала

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на...

Светлана Колариќ, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија го праша скопскиот градоначалник Петре Шилегов како може да се објави јавен повик за изградба на парк на место каде што во моментот е објектот Универзална сала.

Во 2018 година токму градоначалникот Петре Шилегов седна со тогашниот министер Алаѓозовски и тие се договорија да изградат Универзална сала. Дали кога се договараа и потпишуваа договор, градоначалникот тогаш постојано излегуваше во јавноста и кажуваше дека ќе се гради Универзална сала, дали тогаш имаше отворена дебата и се слушна мислењето на граѓаните? Одговорот е не. Во 2019 година ние повторно предвидовме пари во Буџетот на Град Скопје за проект з Универзална сала. Еве помина и 2019 година и ништо.
Сега, 2020 година кажува градоначалникот дека добил пари од Министерството за култура а исто така и ние во буџетот издвоивме пари за проектот на Универзална сала. И сега се сведува дека на 24 јули е објавен јавен повик за летна тераса со парк Универзална сала во градска четврт 14. Нека ми одговори Петре Шилегов, во постојниот ДУП на местото на Универзална сала што е впишано, односно што е нацртано, вели Колариќ.

Дали е нацртано летна тераса со парк или е нацрт објект Универзална сала? Како може да се објавува јавен повик за парк на место на кое што во моментот е објект Универзална сала, гои праша Колариќ градоначалникот Шилегов.

Колариќ рече дека жителите на општина Центар не може да го видат другиот детален урбанистички план кој што е објавен на страницата на општина Центар, обвинувајќи дека нешто се крие од граѓаните.

Другиот ДУП не можат граѓаните да го видат објавен на страницата на општина Центар, поточно за делот каде што цртан делот за Универзална сала. Дали нешто се крие од граѓаните или можеби градоначалникот има однапред привидение, кажа Колариќ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Делчевските пожарникари безбедно симнаа маче од кров

Успешно заврши интервенцијата на Територијалната противпожарна единица од Делчево која денес симна маченце кое два дена било качено на кров и неможело да се...

Заев со порака до Ахмети: Треба да се има бројки за премиер

По конститутивната седница во македонското собрание свое обраќање до јавноста имаше претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој на денешната пресконференција рече дека ќе ги...
- Advertisement -