fbpx
2.8 C
Skopje

Колев: Ако нема брзи избори ќе се соочиме со нова парламентарна криза, која ќе не врати назад во нашиот пат кон ЕУ и НАТО

АКТУЕЛНО

„По крајот на гласањето на референдумот е повеќе од јасно дека огромното мнозинство од тие кои го искористија своето демократско право на глас, го поддржува евроатлантскиот пат на Република Македонија. Според мене најдобрата опција за Македонија сега е што побрзото одредување на датум за предвремени парламентарни избори, бидејќи ако тоа не се случи нè очекува нова парламентарна криза, којашто ќе нè врати назад во нашиот пат кон Европската Унија и НАТО. Тоа е последното нешто што и го посакувам на мојата земја.

Ги повикувам политичарите од двете најголеми партии да покажат одговорност во овие решавачки моменти и секако без никакви калкулации, да се соочат со волјата на граѓаните. Партии на статус квото, ајде да видиме на кој каква доверба има кај граѓаните, за криминалот нема да зборувам имавте цели 27 години да се докажете на тоа поле.“- рече во телефонската изјава за порталот „Трибуна“, лидерот на Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев, малку по завршувањето на референдумскиот ден.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -