13 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Колев: Граѓаните ги научија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на овие избори ќе им удрат силна шлаканица

Јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе си ги мобилизираат само своите традиционални поддржувачи. Во Македонија можеби ќе прозвучи така дека онаа партија која го менува името, ќе ги изгуби изборите. Но кај нас името не го сменија само СДСМ, туку и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа за менување на уставното име. Во оваа земја луѓето за 30 години таканаречна демократија имаат доволно искуство за тоа како постапуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и за тоа нема да им простат. Капацитетот и на едната и на другата партија, не гледам дека има некоја огромна разлика меѓу нив, па да кажеме ќе гласаме за овие или оние бидејќи имаат капацитет. Ако ги ставиш на вага, ќе се види дека нема некоја посебна разлика. Како профил на луѓе, тие се тие.

Овој пат граѓаните ќе се обидат да им удрат шлаканица на овие партии давајќи шанса на трет или четврт политички играч. Она што се случи во албанскиот блок, ако останат работите така како што се, тоа ќе се случи и во македонскиот политички блок. Нашите гледачи можат да видат анкети во кои помалите политички субјекти имаат сериозни поддржувачи. Ако треба да кажам имиња, тоа се ГДУ и Левица. Ние не располагаме со цела мрежа на интернет која сето тоа ќе го испласира како поголемите политички партии. 6 % на национално ниво се близу 35.000 гласови, вели претседателот на ГДУ Петар Колев во гостувањето на ТВ Стар.

Тој потсети на изборниот резултат на кандидатот за градоначалник на ГДУ во Охрид, каде што освоија добар процент на гласачи.

Ја користам оваа прилика да апелирам до нашите граѓани масовно да излезат на избори. Ако ГДУ не им се допаѓа не е проблем, нека гласаат за кого сакаат, но да излезат да гласаат. Ајде сега да не дозволиме оние 100.000 мртви души во изборните списоци да ни ги определат раководителите во Македонија, додава Колев.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.