fbpx
6.8 C
Skopje

Колев: каква е таа eвропска влада која има проблеми со правосудството и корупцијата, а нема министер за правда и антикорупциска комисија?

АКТУЕЛНО

Внимателно ја проследив прес конференција на премиерот Зоран Заев.

Сепак, настрана оптимизмот и ентузијазмот на нашиот премиер кога зборува дека сме „ослободени“ или за преговорите со Грција, нешто сѐ уште не ми е јасно.
Имено, Владата ни е европска, но Европската Унија јасно укажува и во препораката на ЕК и во Non-paper дека имаме проблем со правосудството и корупцијата во земјата.
Логично е да се праша каква е таа eвропска влада која има проблеми со правосудството и корупцијата, а нема министер за правда и антикорупциска комисија?
Понатаму, во овие два документи кои се однесуваат на нашата европска интеграција се вели дека нема реформа во администрацијата иако помина една година. Сигурно за нашата Влада зборот реформи значи вдомување на уште некој партиски војник на административна позиција, но сум убеден дека за ЕУ и за демократската јавност во земјава тоа баш и не е така.
Што се однесува до тоа дека „сме го поразиле режимот“ би Ви сугерирал почитуван премиеру, на следната седница на Владата погледнете наоколу кој се е член во вашиот кабинет-или понекогаш барем прочитајте ги имињата на оние кои ги именувате или назначувате во рамките на „реформираната“ јавна администрација.
Кога станува збор за внатрешната политика и реформите нешто се мислам, дали сме 2011 или одамна сме 2018 година?!

ФБ статус на Претседателот на ГДУ Петар Колев. 

 

Внимателно ја проследив прес конференција на премиерот Зоран Заев.Сепак, настрана оптимизмот и ентузијазмот на нашиот…

Posted by Petar Kolev on Wednesday, May 30, 2018

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -