fbpx
14 C
Skopje

Колев: На Македонија и треба решителна влада со јасна евроатланска позиција

АКТУЕЛНО

Претседателот на МБП, Петар Колев на својот фејсбук профил истакна дека на Македонија и е потреба решителна влада со јасна евроатланска позиција, во која основен акцент би била реформата во судството, СЈО и неговото дејствување, битката со корупцијата и криминалот и платформа која ги содржи националните интереси на Македонија.

Тој смета дека политичката елита во Република Македонија се уште се наоѓа во политички пубертет, во кој гордоста но и инаетот на самите политичари можат да донесат штети за идните генерации на државата.

Eве што напиша Колев:

„На Македонија и треба решителна влада со јасна евроатланска позиција! Таа истата би требало при своето формирање јавно и искрено пред македонските граѓани да ја презентира платформата на мандатот, во која основен акцент треба да биде реформата во судството, СЈО и неговата дејност, битката со корупцијата и се разбира имплементирањето и на другите препораки на Прибе т.е платформата која ги содржи националните интереси на Македонија. 

Кадровските решенија во таквата влада би требало да го претставуваат стремежот на граѓаните за промени, кои сериозно ќе бидат готови да го отстранат туморот кој го уништува нашето општество и да сечат тогаш кога би болело, имајќи предвид дека туморот може да биде дел од нивното партиско тело. 

Партискиот егоизам во насока ние или вие правиме влада, покажува дека нашата политичка елита се уште и после повеќе од четврт век независна држава се наоѓа во политички пубертет, во кој инаетот е готов да донесе штети кои идните генерации не знам дали ќе можат да ги поправат. 

Што се однесува до двојазичноста, со целата почит кон нашите сограѓани албанци кои имаат јасна евроатланска интеграција, би требало да знаат дека во западниот свет и по конкретно, во ЕУ и САД, не постои категорија на колективни права, туку категорија на индивидуални човекови права. Тоа како докажана пракса  не гледам зошто да не се применува и кај нас, во насока секој еден граѓанин на Р. Македонија да си го користи својот мајчин јазик. Но, на граничниот премин Делчево да се стави табла на албански јазик, ми изгледа демонстрација на нешто друго, кое би иритирало доста наши сограѓани. Згора на тоа имајќи предвид дека повеќе од половината од населението на источна Македонија се и граѓани на Р. Бугарија, а воедно и европски граѓани, не сметам дека сме должни да го трпиме ова“.

Колев испрати порака и до македонските политичарки, истакнувајќи дека од нивните постапки зависи на која страница ќе се најдат, на страниците на срамната или славната историја.

„Всушност господа политичари, политиката е оној дел од општествениот живот кој ви дава можност да ги поставите вашите имиња на страниците на историјата. Од вашите постапки зависи на која страница ќе се најдете, на срамната или славната историја. Ако сакате да станете богати или ваш член на опкружувањето, местото не ви е политиката, повелете во бизнис – секторот и бидете успешни и станете колку што можете побогати, но плаќајте си ги даноците, но тоа е патриотизмот во 21 век, кој колку даноци платил. Секоја постапка надвор од ова би била јасен сигнал за секој од нас дека ќе продолжат истите „традиции“ – тендер коалиции, договори на темно и криминали. Барем еднаш бидете чесни и искрени кон своите избирачи и сограѓани без разлика каква религија исповедуваат или од која етничка група се“, напиша Колев на својот фејсбук профил.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -