fbpx
6 C
Skopje

Колев: Не можам да разберам кому во Софија му е потребна ваква арогантна реторика кон Македонија

АКТУЕЛНО

Некои структури во Бугарија и Македонија кои немаат интерес да имаме нормални односи имаат интерес да предизвикуваат провокации. Има одредени структури од Бугарија кои невоспитано се однесуваат кон Македонија, како што во Македонија има такви структури кои на ист начин се однесуваат кон Бугарија вели претседателот на ГДУ во гостувањето на „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

– Нашата позиција кон Бугарија треба да биде мудра и прагматична, во политиката нема место за емоции. За да се признае еден јазик не е потребен декрет. Јас бев многу среќен кога македонската и бугарската влада најдоа појдовна точка за договор со кој ќе се подобрат односите меѓу државите. Има едно старо правило кое вели, ако не сакаш да решиш некаков проблем, создај комисија. Ги молам научниците да не го одолговлекуваат овој процес, рече Колев.

Првиот човек на ГДУ рече дека темата за македонскиот јазик не е потребна, бидејќи тоа е дел од реалноста.

– Не можам да разберам кому во Софија му е потребна ваква арогантна реторика во Македонија. Не верувам дека Борисов би сакал да се конфронтрира со Заев. Исто како што не верувам дека на Заев му е потребно да се конфронтрира со Борисов. Тој проблем со јазикот е премостен уште со потпишувањето на декларацијата. Не можам да разберам зошто треба да отвараме прашање кое е затворено во 1999 година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -