fbpx
5 C
Skopje

Петар Колев за односот на македонските конфенкционери кон вработените (Видео)

АКТУЕЛНО

Јас директно и одговорно тврдам дека македонските конфенкционери се најнесоцијално општествено одговорните капитали т.е бизнисмени не само во Македонија, туку и во Европа. Нивната лакомост и желбата за брзо богатење ги надминува и нормалните човечки претстави. Се прашувам дали тие имаат некакво домашно воспитување, рече претседателот на ГДУ Петар Колев во гостувањето на 168 анализи и коментари на ТВ СТАР.

Според Колев ваквото однесување кон вработените е резултат како комплекс од детството или некоја друга психичка нестабилност.

– Не може човек кој секоја година менува коли кои чинат стотици илјади евра и станови, да излегуваат со тезата дека немале сметка да работат во такви услови. Па тогаш нека ги затвораат компаниите и нека се вработат во некоја друга компанија. Правењето на бизнис не е обврска, туку избор. Можете ли да ми кажете барем еден од тие бизнисмени кои создал фондација за да направи нешто продуктивно во својот сектор.

Погледнете го целото гостување на Петар Колев во продолжение:

Петар Колев во „168 анализи и коментари“ на ТВ Стар

Во источниот регион се наоѓаат најдотераните трудови инспектори и најизмачените и најнископлатени работници во цела Македонија.

Posted by Petar Kolev on Tuesday, November 5, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -