fbpx
7 C
Skopje

Колев: Предлагаме радикални мерки против коронавирусот – човечкиот живот нема цена

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Искрено сум растревожен од хаосот кој владее во реториката помеѓу политичките субјекти во Македонија. За огромна жал, и во овие тешки моменти, не успеавме како општество и држава да го впрегнеме целиот капацитет и знаење, со цел да се справиме со предизвикот пред нас. Многу малку слушаме конкретни предлози за справување со кризата, особено во насока на безбедноста и здравјето на граѓаните. Имам длабока убеденост дека економските интереси, како и економските последици од пандемијата, успеаја да го изместат фокусот од основниот приоритет во моментот, а тоа е здравјето на граѓаните.
Без здрави луѓе, кои ќе произведуваат и ќе бидат потрошувачи, невозможно е да ја санираме или воопшто да ја развиваме економијата.

Затоа ние од Граѓанско Демократската Унија-ГДУ ќе останеме лојални на нашето разбирање дека сега не е моментот за политичко препукување, туку е момент во кој сите кои имаат конкретни идеи, знаење и капацитет, се должни да го впрегнат во оваа тешка битка.

Предлагаме радикални мерки за борба против Корона вирусот, со јасна цел како приоритет а имено здравјето на нашите сограѓани. Бидејќи сме мала земја овие предлог- мерки ќе може да се спроведат брзо и ефикасно и за не повеќе од месец дена ќе успееме да ја изолираме епидемијата, а здравите наши сограѓани во меѓувреме ќе можат да продолжат со работа.

Така ќе го заштитиме населението, но ќе ги намалиме и лошите реперкусии врз економијата.

Во светски рамки, како основнo оружје во оваа битка со опасниот вирус Ковид-19 се покажале масовното тестирање како и изолацијата-карантинот.

Затоа предлагаме:

1. Зголемување на бројот на тестирани граѓани, вложување на целиот државен капацитет за зголемување на можностите за тестирање на граѓаните, особено во населените места каде што има регистрирано случаеви на Ковид-19. Тестирањето, пробите за тестирање да бидат земени од мобилни тимови по преценка на здравствените работници.
Прашањето со цените на тестирањата и огромните разлики кои се факт во нашата држава не би ги коментирал во овој момент, но во блиска иднина сум убеден дека тие би требало да бидат предмет на разгледување од соодветното јавно обвинителство.

2. Изолирање во карантин со уште построги мерки за контрола на секој заразен, соодветно лекување.

3. Секој кој ќе влезе во државата да биде тестиран и во карантин, согласно мерките кои важат и сега.

4. Контролни пунктови пред населените места, особено во оние населени места каде што нема регистрирани случаеви на Ковид-19. На пунктовите да се земаат проби за тестови на секој кој влегува во населеното место, да се врши анкета и да се собираат податоци за неговата состојба како и причините за патувањето и неговите евентуални контакти. Да се дезинфицира возилото, но и патниците во него, како и на секој да му се даде заштитна маска, ракавици и друга заштитна опрема.

Човечкиот живот нема цена! Време е за единство, конкретни предлози и заедничка работа!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Зeмјотрес во Aлбанија, почувствуван и во југозападниот дел на Македонија

Земјотрес со јачина од 3,1 степен, се случи попладнево во Албанија. Земјотресот се случил во 14:08 часот по локално време, а бил почувствуван и...

Сeстратa нa Тоше 14 години прави една иста работа на овој ден од овој детаљ на роденденската торта ќе ви надојдат солзи (Фoто)

Да беше жив денеска најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески ќе наполнеше 40 години. Како и секоја година ова е еден од двата најтажни денови...

ХОРОСКОП Љубов: ќе бидете одвоени од партнерот

ЉУБОВ: Ќе бидете одвоени од партнерот, но тој многу ќе ви недостасува. Ова ќе биде краток период. ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате. Бик (21.04 – 21.05) РАБОТА:...

Ни перде, ни срам: Среде бел ден kраде беkатон плочки (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како „граѓанин“ со охридски регистарски таблички среде бел ден си товари бекатон плочки во...

Ахмети за пописот: Албанците не може да бидат помалку од 25 %

Во интервју за гостиварската локална телевизија ТВ Глоби а на тема околу пописот во Република Македонија лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека сите...
- Advertisement -