Не беше одамна кога Македонија имаше една друга техничка влада, водена од премиерот Емил Димитриев, која беше изведена како плод од пржинските преговори за излегување од политичката криза и падот на режимот на Груевски. Оној истиот Груевски кој денеска од Будимпешта преку социјалните мрежи ни нуди „генијални“ решенија, но никако да се врати во татковината и да си ги одлежи оние скромни 30 месеци затвор.
Се сеќавате ли вие од СДСМ на г-дин Груевски и вашите најави за неговата идна судбина, основно затворска? Да ве потсетам ако сте заборавиле, а мислам дека сте, имаше затворски билети и за многу други функционери на ВМРО-ДПМНЕ, барем по вашите зборови и ветувања на митинзи. Но од денешна перспектива не можам да се сетам за ниту еден со ефективна затворска казна.
Туку не беше целта само да ве потсетам за г-дин Груевски, сакам да ве потсетам во контекстот на вашето барање за избори јуни или јули за владата на Емил Димитриев. Таа влада требаше да спроведе избори и да заврши со функционирање за месец до два, но нели имавме режим и изборите беа одложувани неколку пати.
Ако сте заборавиле да ве потсетам, требаше да има избори во април. „Не нема да има избори во април, бидејќи нема услови и има режим“, тоа беа вашите ставови. Потоа избори на есен?
„Не, нема да има избори на есен, Избирачкиот список е проблем и има режим“, тоа значи дека немаше услови и поради сето тоа стигнавме до избори дури во декември.
Да, согласен сум! Имаше режим и немаше услови и точно поради потребата од демократски и фер избори, процесот беше пролонгиран неколку пати.
Емил Димитриев си истера 1 и кусур година како премиер и тоа е факт. Тогаш немаше проблем ниту со рокови, ниту со Устав, ниту со закон, ниту со ништо, нели почитувани од СДСМ? Тогаш имаше режим и требаше да се сруши.
Бидејќи сите молчат мислам дека некој треба да ве потсети на овие факти од блиското наше минато, во контекст на вашето барање за избори во јуни или јули. И да ви споделам нешто искрено дами и господа од СДСМ, не само што заборавате туку вие се стремите да станете уште пософистициран режим. Вие со вашите настојувања по време на светска пандемија да организирате избори не сте режим, вие сте хипер- режим, нешто кое не го памети ниту една држава на европскиот континент.
Целиот текст на Трибуна ОВДЕ