5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Колев во интервју за Поглед: Ќе предложиме кандидат за претседател на државата кој ќе ги помати водите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ!

Во 21 век, во 2018 година одговорноста е индивидуална, затоа на секому треба да му се даде шанса да создава и твори во општеството, вели претседателот на ГДУ Петар Колев во интервјуто за Поглед.мк и најави дека тие планираат да претстават кандидат за функцијата претседател на држава кој ќе ги застапува идеите на конзерватиците, кандидат кој ќе биде подеднакво одалечен од сите политички субјекти.

Имаме неколку имиња за кои што размислуваме. Ќе видиме каков е односот на симпатизерите кон тие имиња и се надеваме дека ќе предложиме кандидат кој ќе им ги замати водите на познатите и традиционални играчи во македонската политика.

Претседателот на ГДУ го повтори ставот на ГДУ за промена на изборниот модел во Македонија – една изборна единица со отворени кандидатски листи, како и намалување на бројот на пратениците од 120 на 90.

Тој испрати и порака до граѓаните на Македонија во овие историски мигови за државата во која ги повикува да донесат решение за себе и своите деца, за своите внуци, за тоа во каква држава сакаат да живеат и да го кажат јасно нивниот став на 30 септември за претстојниот референдум на прашањето: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот за името?

Погледнете го тој дел од интервјуто со лидерот на ГДУ

 

Петар Колев со порака до граѓаните за претстојниот референдум на 30 септември

Мојата порака до граѓаните на Македонија во овие историски мигови за државата: Земете решение за себе и своите деца, за своите внуци, за тоа во каква држава сакате да живеете, кажете го јасно вашиот став на 30 септември за претстојниот референдум!

Posted by Petar Kolev on Thursday, September 27, 2018

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -