fbpx
22.8 C
Skopje

Колку Милорад Мазиќ ќе заработи како судија на големото финале?

АКТУЕЛНО

Српскиот судија нема посебно многу да профитира

Српскиот судија Милорад Мазиќ ќе го води вечерашното финале од ЛШ каде во украинскиот Киев играат Реал Мадрид и Ливерпул.

Мазиќ е без дилема еден од најдобрите судии во светот во овој момент и конечно доби шанса да суди на големото финале во Лига на шампиони, а многу се прашуваат колку пари ќе заработи за вечерашната обврска.

Одговорот е поприлично едноставен. Мечот од финалето не му донесува повеќе пари од обичен натпревар од ЛШ, па така Мазиќ на сметката ќе има 4. 500 евра повеќе.

Неговите помошници ќе добијат нешто поскромно од износот и они Киев ќе го напуштат побогати за цифа измеѓу 2.000 и 2.500 евра.

Сепак, тие како и српскиот судија очекуваат поголема заработка на СП во Русија. Главните судии веќе имаат договор на 57. 000 евра за судење, а секој меч ќе им донесе по 2.500 евра. Помошниците имаат договори на 20. 000 евра, плус 1.600 евра за секој натпревар на кој ќе бидат делегирани.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -