18 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Чулев: Строго ќе се санкционираат активностите во насока на поткуп на гласачи

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Наќе Чулев денес на 29.06.2020 оствари средба со граѓаните од Шуто Оризари со претставници на ромските организации...

Заев од Гевгелија: Обнова му треба на ВМРО-ДПМНЕ, а не на државата, таа е на прав пат

СДСМ ги престави носителите во четвртата изборна единица, Зоран Заев и Соња Мираковска, на трибина во Гевгелија. Лидерот на партијата во говорот се осврна...

Петар Марков: Рецепт за успех – повеќе доктори во политиката

170 во 2017-та, 250 во 2018-та, во 2019та, 250 само до октомври. Ова се бројките на лекари кои ја напуштиле Македонија во последните три години.

Тоа за илустрација е повеќе од цела една генерација годишно, цел еден амфитеатар на професионалци кои својот потенцијал ќе го вложат во развојот на некој друг здравствен систем.

Но, што правиме ние, тие кои остануваме да живееме и да делуваме во Република Македонија? Вниманието на медицинската јавност кај нас е константно свртена кон нешто, но многу ретко, речиси никогаш, особено во Република Македонија никој не ја покренува темата за положбата на докторите во процесите на носење на одлуките.

Mожеме да се сложиме дека да се биде медицински работник е тешко и дека 24 часа во денот се премалку. Јасно е дека кога човек ќе навлезе во медицинската професија повеќе не може да ужива во спиењето или комфорот на сопствениот дом, мора да го прифати фактот дека ќе пропушти многу убави моменти од животот на најблиските, на пријателите, на семејството, а ќе остави празнина во моментити кога е најпотребен.

Но, како ние завршивме тука? Имаме епидемија доктори кои работат со фрустрација на своите работни места. Имаме амбициозни и способни професионалци кои не можат да ја задоволат својата интелектуална љубопитност, не можат да истражуваат и не можат да напредуваат заради тоа што меѓу оние кои учествуваат во носењето одлуки, во креирањето програми, во носење буџети не се присутни докторите.

Дали постои пример во некој фудбалски клуб каде тренерот никогаш во животот не шутнал топка? Дали постои пример за директор на училиште кој никогаш не предавал на ученици? Дали постои раководител на фабрика кој не го познава текот на производството? Во што е разликата со медицината? Ако сакаме функционално здравство, со задоволни доктори, со млади кои нема да се иселуваат, мораме да пристапиме кон воспоставување пракси кои ќе овозможат здравствен систем изграден според визијата која потекнува од нив.

Македонското здравство има извонредни професионалци од кои ние помладите секојдневно учиме, кои без сомнение можат да се носат со најголемите имиња во соседството па и Европа. Но кога на таквиот потенцијал ќе му понудите субстандардни услови за работа, ограничени материјали и надомест, го убивате секој мотив за позитивен напредок.

Што останува да направиме? Одговорот на ова прашање е истовремено многу едноставен но и многу комплексен. А тоа е – да се бориме во рамки на системот! Да се бориме во рамки на системот за нас, за нашите семејства, за пациентите и за генерациите кои треба да дојдат.

Со повеќе од една деценија интензивно високо образование, секојдневна интеракција со десетици пациенти докторите, се едни од најпочитуваните, обучени и едуцирани индивидуи во заедниците. Недостатокот на оваа група во водењето на државата може да биде само на штета на општеството и токму заради ова, мора да се прашаме, која е нашата улога во политичките процеси?

Преку секојдневната работа, докторите се навикнати да анализираат проблеми и да изнаоѓаат брзи решенија. Врз таа основа да делегираат одговорност и работите континуирано да се движат и еволуираат.

Инволвирањето на докторите во политиката претставува инвестирање на висок интелектуален капитал кој ќе придонесе за подигање на квалитетот на решенијата за проблемите. Докторите мора да се инволвираат во процесите на носење на легистлативата и да се најдат на соодветна позиција во кои не само што ќе развиваат позитивна здравствена агенда туку својот холистички пристап ќе го имплементираат во решавањето на прашањата од поширок јавен интерес.

Политичките партии реално имаат потреба за докторскиот импут кога се работи за закони од здравството и мислам дека е време за носење закони кои ќе ја подигнат положбата на докторите во сите аспекти, политички, економски и социјални.

За да не добиеме погрешен впечаток, овој текст не е со цел единствено остварување директен бенефит за докторите, туку реално претставување на позитивните ефекти од нивниот зголемен политички ангажман, и за пациентите но и за политичките партии.

Секој еден од овие наслови претставува идеја дека, како лекари, имаме етичка одговорност да придонесеме до политичка промена која ќе претставува бенефит за нашите пациенти. Во природата на докторите е да се грижат за нивното здравје, но треба да се запрашаме до која мера таа грижа ја насочуваме преку користење на демократијата и граѓанскиот концепт.

Дали доволно сме инволвирани за да ги адресираме социјалните и економските проблеми кои влијаат на здравјето на нашите пациенти кои не ги поминале праговите на нашите амбуланти?

Ја превземаме ли одговорноста да лобираме за проблеми од јавното здравство и да придонесеме кон општеството кое ни го овозможува професионалниот статус.

Од етичка перспектива, два принципи кои го адресираат вклучувањето во демократските процеси, е тоа дека докторите мораат да го почитуваат законот и да превземат одговорност во барањето промени во сегментите каде ќе бидат од најголем интерес на пациентите.

Исто така докторите ќе препознаат и превземат одговорност и ќе прифатат да се вклучат во активностите кои придонесуваат во унапредувањето на заедницата и подобрувањето на јавното здравје но и ќе лобираат за социјална, економска, образовна и политичка промена кои ќе ги намалат страдањето на граѓаните и ќе придонесат до човечката благосостојба.

Концептуалната рамка на Светската здравствена организација покажува дека нееднаквостите во здравјето се манифестираат преку разликите во социоекономските групи низ материјалните аспекти, бихејвиоралните, и психолошки фактори кои најчесто се под влиијание на владините политики и социјалните и културни вредности.

Поради повеќеслојната природа на здравствените политики, лидерите во јавното здравје повикуваат на разни видови интервенции простирајќи се од тие кои се однесуваат на социјалните потреби на индивидуите до тие кои целат да ги променат структурните услови кои му влијаат на народот.

Благословени сме со државата која ја имаме и благословени сме со можноста да бидеме тука за нашите граѓани. Мораме да се инволвираме лично за да се осигураме дека иднината на лекарите ќе продолжи да се гради позитивно за да обезбедиме уште подобра гружа за нашите пациенти. Тоа наједноставно е најетичката работа која можеме да ја направиме.

Инволвирањето на лекарите во политиката е добро и за самите политички партии. Една од интересните опсервации кои ми го задржаа вниманието е дека докторите никогаш нема да кажат нешто без да направат проверка на фактите. Резултатите од едно такво истражување во мојата микросредина, спроведено на луѓе од различни профили и со различни политички позадини ми донесе резултати кои поставуваат повеќе прашања отколку што дава одговори.

Замолени да ги опишат со еден збор чинителите во власта, дадоа прилично негативно мислење. Нивните најчести одговори беа: корумпирани, некомпетентни, недопирливи, марионети, лажговци, ужасни и само еден одговор кој го задржа моето внимание е дека се спремни за промена.

При разговорите со граѓаните пак, нивното мислење е дека политичарите не треба да бидат унидимензионални, туку луѓе со различни искуства. Сакаат да разберат како нивните политичи фигури во лицето на избраните претставници ќе им помогнат. Тие говорат со страст за способноста на кандидатите да ја разберат ситуацијата каде се наоѓаат, а ги отфрлаат оние кои ги перцепираат како некој кој не може да го разбере нивниот живот.

Гласачите полесно би го дале својот глас некому кој е мотивиран да се вклучи во изборна трка базирајќи се на тоа што го гледа и слуша секојдневно преку разговорите со луѓето. Дури и се сложуваат да им ја дадат довербата бидејќи веруваат дека во политичка трка влегуваат за да им помогат на луѓето.

Гласачите веруваат во способноста за ситематско, рационално и решавање на комплексни проблеми без емоции со практичен бенефит во политичката сфера исто како во амбулантите. Бараат политички фигури кои ќе донесат резултати. Веруваат дека годините поминати на студии и специјализации им овозможиле на докторите да добијат искуство во поставување на дијагнозите, и дека бараат решенија базирајќи се на причината а не на симптомите.

Во средина на политичка дисфункционалност, гласачите мислат дека медицинската експертиза може да помогне во исправувањето на работите.

Кога ќе побарате од луѓето да ви кажат каков сакаат да биде нивниот претставник во власта, ќе ви одговорат: личност која е искрена и која може да донесе резултати, некој со интегритет, човек од доверба, кој го одржува зборот, работи и им служи на граѓаните. Некој некој кој ќе ги допре на лично ниво, со сочуство, со грижа, со емпатија. Некој кој може да носи тешки одлуки под притисок и ќе биде во контакт со заедницата, ќе одговара на потребите во нивниот контекст, ќе размислува на двете страни на проблемите пред да донесе одлука.

Доста јасно е да се констатира дека луѓето гледаат кон нивната идеална политичка фигура низ призмата на тоа што многу недостасува во моменталното практикување власт. Сакаат некого на кого ќе можат да се потпрат а да не биде само парада на предизборни ветувања.

Гласачите се фрустрирани од начините на кои работите се движат во политиката, слушајќи ги истите ветувања секоја година со малку успех.

Иако носителите на јавни функции и коментаторите повикуваат на поголем ангажман на медицинските професионалци во унапредувањето на здравствените системи и здравјето на нацијата, ниту медицинската едукација ниту средината за практицирање придонесува до таков ангажман,

Точната дефиниција за јавните рољи на докторите е дека тие недостасуваат, си одат. Потребно е да ги адресираме овие проблеми со предлагање дефиниција и концептуален модел за јавни улоги за кои се потребни докази за изводливоста и ефикасноста на докторското инволвирање. Заради тоа треба да изработиме јавна агенда за докторите и лекарските организации кои ќе се фокусираат на нивно застапување и активно учество во заедницата. Со овие чекори ќе стимулираме дијалог за соодветноста на овие улоги и ќе промовираме вклучување на лекарите со обработка на здравствените проблеми на јавната сцена.

Докторите и медицинските професионалци немаат избор освен да се соочат со политика во нивните кариери. Лекарската професија е високо регулирана во текот на пружењето на здравствени услуги на стотици илјади пациенти, но и сите актуелни но контроверзни законски решенија се директно или индиректно поврзани со здравството. Ретки се оние кои влегуваат во медицината а мислат дека политиката ќе биде дел од нивниот професионален живот, но политиката си го наоѓа својот пат да се најде таму.

Секоја индивидуа е под влијание на сопствените искуства и позадина. Тоа значи дека секој од нас ги носи со себе секојдневните интеракции за нашите ориентации, религиозни сфаќања па дури и политички агенди. Додека повеќето доктори вршат одлична работа на фокусирање на пациентите и ги оставаат личното мислење и убедувања настрана, оваа неутралност може да биде тешко да се постигне комплетно посебно во овој период на интензивна политичка дебата и прилично страсни избори, за лекарите ќе биде уште потешко да се воздржат од споделувањето на политичките мислења со другите.

Политичката ориентација и инволвираноста на докторите е исклучително важна во време кога Република Македонија се обидува да навигира низ овие периоди на промени и неизвесност. Докторите мора да влегуваат во политиката заради проблемите од здравството, образованието и уште повеќе заради нивното сериозно познавање на проблемите на граѓаните. Тие се информирани преку нивната преофесионална експертиза, преку лидерството во нивните заедници и преку нивните лични политички вредности. Тие треба да делуваат како индивидуалци и членови на заедницата но и заеднички како организирани професионални групи. Токму заради медицинската експертиза и централната улога во здравството, нивните политички гледишта и однесувања се вредни за вниманието на масите.

Пишува: Петар Марков

Latest Posts

Чулев: Строго ќе се санкционираат активностите во насока на поткуп на гласачи

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Наќе Чулев денес на 29.06.2020 оствари средба со граѓаните од Шуто Оризари со претставници на ромските организации...

Заев од Гевгелија: Обнова му треба на ВМРО-ДПМНЕ, а не на државата, таа е на прав пат

СДСМ ги престави носителите во четвртата изборна единица, Зоран Заев и Соња Мираковска, на трибина во Гевгелија. Лидерот на партијата во говорот се осврна...

АКТУЕЛНО

СЗО повика да се зголеми производство на „Дексаметазон“

Светската здравствена организација (СЗО) повика да се зголеми производството на Дексаметазон, откако британските научници објавија дека тој стероид значително ја намалува смртноста кај...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.