fbpx
18 C
Skopje

Командантот на ЕУФОР: Во БиХ и на Балканот нема да има војна

АКТУЕЛНО

Командантот на силите на Европската Унија  (EUFOR) ген. Антон Валднер изрази уверување дека во Босна и Херцеговина (БиХ) или во соседството нема да има војна.

“Оваа земја (БиХ) со огромна меѓународна поддршка веќе две децении го одржува мирот и стабилноста. Не гледам знаци дека тоа ќе се промени. Не верувам дека може да има војна тука или во соседството. Факт е дека тука немаме ситуација на територијални конфликти со соседите “, изјави генералот во интервју за весникот” Дневни аваз “.

Пред изданието тој даде коментар и за мислењeto на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во весникот “Фајненшл тајмс”, дека е можна војна на Балканот и во Босна. Антон Валднер смета дека вооружените сили на Босна се “една успешна приказна во која претставници на сите народи во земјата се убедени дека носат иста униформа”.

“Моето мислење дека реформите во сферата на безбедноста се голем успех за земјата. Гледајќи од ова перспектива, не гледам го гледам она што го гледа Јункер “, коментира генералот Валднер.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -