fbpx
14 C
Skopje

Конечно расветлено убиството, кој е одговорен за убиството на Тупак

АКТУЕЛНО

После повеќе од 20 години од грозоморното убиство на популарниот рапер, конечно се појавија информации за убиството.

Немилиот настан од 1996 година кога во Лас Вегас беше убиен американскиот рапер Тупак Шакур и понатаму ја интригира јавноста. А последната изјава на продуцентот Шуг Најт предизвика бурни рекации во медиумите.

Популарнот рапер Шуг, кој бил близок пријател на Тупак откри за „Дејли Мејл“ дека неговата поранешна жена Шарита заедно со поранешниот шеф на обезбедувањето „Дед Ров Рекордс“, Реџи Вајтон го убиле раперот Тупак.

Тој за смртта на раперот ја обвини својата поранешна жена, објаснувајќи дека цел на нападот бил тој, а не Тупак.

Причината поради која што се реши оваа информација да ја сподели во јавноста е објавувањето на најновиот документарец под насловот „Tupac Assassination: Battle For Compton“.

Во документарецо истотака се наведува дека Шуг бил мета на пукотниците, додека Тупак бил само на погрешно место и во погрешно време.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -