4 C
Skopje

На крајот на годинава: Грција ќе добие три милиони дози за вакцина против kоронавирус

АКТУЕЛНО

На крајот од декември Грција ќе го добие првиот дел од 700.000 дози од вакцината за коронавирусот, а во рамките на договорот на Европската комисија, постепено ќе обезбеди околу три милиони дози, вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас објасни дека „пред неколку дена претседателката на Европската комисија, преку „Твитер“ го соопшти договорот со „Астра Зенека“ за 400 милиони дози на вакцината од Кембриџ која е веќе во третата фаза, а се очекува во ноември да заврши и четвртата фаза и да добие лиценца“.

Ако сè биде во ред, Грција, првиот дел од дозите, ќе го има на крајот од годината. И ќе добие на крајот на декември, на крајот на јануари, во февруари, март, април, мај и јуни. Во седум постепени испораки ќе го добие соодветниот дел од вакцината, за која што веќе се договори Европската комисија. Ќе почнеме со околу 700.000 дози во декември, со вакцинирање на ранливите групи, а потоа и на целото население, рече министерот за здравство на Грција, објаснувајќи дека вкупната количина што ќе ја добие Грција е околу три милиони дози од конкретната вакцина.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Сведоштво: Ако ја знаете голготата на болните од корона ќе знаете зошто има толку многу починати

Ако воопшто сте се запрашале зошто имаме толку голем број на заболени, како и огромна смртност, доволно е само да прашате некој од пациентите...

Нови 640 случаи на Ковид-19, 2,634 тестирања се последните резултати во државата

Нови 640 случаи на заразени со коронавирусот 2 634 тестирања, 12 лица починати и 143 пациенти оздравени, е билансот од претходното деноноќие. Починатите 12...
- Advertisement -