fbpx
-6 C
Skopje

Конфликт во Каталонија (1): Што се случи во неделата?

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Карлос Флорес Хуберијас
Професор по уставно право на Универзитетот во Валенсија, Шпанија

Со месеци, дури и со години, националистичките партии во владата на Каталонија се обидуваат да докажат три клучни политички става: Прво, дека независноста на нивната територија не е само легитимна политичка цел, туку дури и “неприкосновено и неотуѓиво” право кое ќе им помогне на Каталонците како нација; второ, дека големо мнозинство од Каталонците ревносно ја посакуваат независноста и се подготвени да одат колку што е потребно далеку за да се постигне истата; и трето, дека само нетолеранцијата и авторитаризмот на шпанската држава се вклопува во постигнувањето на оваа цел.

Првото од овие тврдења не престана да се судира со рамнодушноста, дури и со отвореното непријателство, од оние кои што се очекуваше на Каталонија да и посакаат добредојде во меѓународната заедница. До пред пред една недела 400 експерти по меѓународно право тврдеа дека претпоставеното право на самоопределување на Каталонија е исполнето со можноста која нејзините граѓани веќе четири децении ја уживаат – да бидат политички вклучени, да учествуваат на демократски избори и да се ангажираат во локалната самоуправа, без Каталонија да се квалификува на каков било начин како “нација која е предмет на колонијална доминација или други форми на странска доминација или окупација”; Пред неколку дена 240 професори по уставно право тврдеа дека шпанскиот устав не дозволува автономната заедница да одржи референдум без согласност на централната влада, а уште помалку целта на референдумот да биде нарушување на шпанскиот територијален интегритет, а истиот да биде организиран во спротивност со парламентарната процедура и материјалното право.

Помеѓу овие два става, речиси сите светски лидери со одреден степен на јавна заложба ја потврдија својата поддршка на територијалниот интегритет и внатрешната стабилност на Шпанија, додека разните институции на ЕУ повторија дека независноста на Каталонија ќе ја однесе новата држава, веројатно со децении надвор од Европската унија.

Соочени со оваа обесхрабрувачка слика, се собраа над два милиони гласови (90% од сите гласови) во корист на независноста на Каталонија на нелегалниот референдум промовиран од владата на Каталонија, и изгледа ја зајакнаа сликата дека независноста е посакувано од огромното мнозинство на Каталонците; Во меѓувреме, повеќе од 800 луѓе завршија повредени во акцијата на полициските сили на централната влада од што произлегува подеднакво силното сведоштво за суровата репресија што ја испорача Мадрид.

Проблемот е во тоа што и двете статистики во целост се неверодостојни и не треба да се сфаќаат никако поинаку освен како обид за поддршка за Каталонската влада од локалното, националното и меѓународното јавно мислење или директно како чин на суровата пропаганда.

Што се однесува до втората статистика, независните медиуми досега не можеа да проверат дали оваа бројка, што ја дава каталонската влада, е вистинска или претерана. Но, како што поминува времето, се поголем број сведочења укажуваат дека имало добро организирана и широко распространета мрежа на провокации од страна на националистички и антифашистички групи кои полицијата едвај можела да ги задржи, како и широко распространета отровна кампања во која немало колебање да се користат слики и локации од други времиња и ситуации за да се илустрира мачната полициска репресија против мирните гласачи.

Но, најважно е што официјалните бројки за одзивот на гласачите и поддршката за независност минатата недела немаат ниту минимум кредибилитет. Најпрво, затоа што тие не се одраз на ситуацијата во која противниците на независноста избраа да не учествуваат. Дека опцијата за независност доби повеќе од 90% од гласовите воопшто не се совпаѓа со трендовите до кои се дојде со неодамнешните анкети на јавното мислење кои покажаа систематско намалување на поддршката на оваа позиција, ниту пак со резултатите собрани на претходните регионални избори, во кои независноста никогаш не надминала 50% од вкупните гласови.

Второ, овие бројки не се веродостојни, затоа што доаѓаат од консултации што се вршени без никаква законска гаранција. Самиот закон за референдумот усвоен од самиот каталонски законодавен дом пред се не нудеше вакви гаранции- пред се можноста за откривање на какви било неправилности и нивна исправка во судовите. Треба да се додадат и неправилностите промовирани од самата каталонска влада која го распушти избирачкиот одбор неколку дена пред гласањето, ги презеде подготовките во свои раце, го смени гласачкиот систем два часа пред почетокот на гласањето и не можеше да ја гарантира приватноста на гласањето. Ова произлегува и од акцијата на полициските сили за време на гласањето, отсуството на вистински меѓународни набљудувачи како и од тие што го спроведуваа гласањето и тие што гласаа за независност со оглед дека имаше случаи кога некои гласале по неколку пати, или тоа го правеле без контрола и без да се идентификуваат, па дури и без да бидат каталонски државјани.

 

A1on.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Северина во чест на новиот претседател на САД: Слиkи кои kренаа голема прашина

Од денес САД имаат нов претседател – Џо Бајден. Последниот ден на Доналд и Меланија Трамп во Белата куќа истече и сега во неа...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Груевски и Боркица со изјава: Бесрамно се насладуваат на лагите пуштени во јавноста

Одгласите по последната аудио снимка од разговор за време на ручек во струмички хотелски ресторан помеѓу Зоран Заев и Александар Верушевски, се уште не...

Овие се најопасните хороскопски знаци: Не ги предизвикувајте

Овие се „најопасните“ хороскопски знаци: Не ги предизвикувајте Секој хороскопски знак си има своја „темна“ страна, сепак, некои знаци од Зодијакот се сметаат за навистина...

Д-Р ЛАЗАРОВ РАСПАЛИ: СЕ ЗАЦРНИЈА ЦЕЛИ СЕМЕЈСТВА ЛУДАЦИ ЕДНИ, ЈЕАЛЕ ВЕ KАФАНИ

Се распадна општеството во скоро секој сегмент, економски колабираме, образованието е суспендирано а медицинарите се фрлени во оган веќе година дена без пауза, лек...
- Advertisement -