fbpx
18 C
Skopje

Конгресменот Франкс: Загрижени сме за тоа што американски пари одат за организации поврзани со Сорос, тој ја загрозува демократијата

АКТУЕЛНО

Американскиот конгресмен Трент Франкс во изјава за МРТ зборуваше за дејствувањето на Сорос, неговите придобивки, но и како новата администрација ќе се справи со ваквите според него, сомнителни финансирања на американската мисија.

До сега немаме добиено одговор од Американската амбасада во Македонија, а тоа е загрижувачко прашање па ќе бидеме приморани да превземеме одредени мерки по однос на финансирањето, доколку сме сигурни дека тоа финансирање во суштина не и помага на Македонија туку и одмага, вели во изјава за МРТ Републиканскиот конгресмен од Аризона, Трент Франкс.

„Напорите кои ги правиме за да ги промовираме човековите слобода и права и тоа се нешта во кои ние навистина веруваме. За критиките кои што доаѓаат од вашата земја сме многу благодарни и ние сакаме да ги продолжиме добрите односи со Македонија. Прашањата со кои се соочуваме се сомнителните финансирања на американската мисија, а се поврзани со организации на Џорџ Сорос, се спротивни од нормите и се во што верува Америка. Се обидовме да добиеме поддршка од американскиот Стејт Департмент-Агенцијата за развој, за да дојдеме одговор на прашањето зошто се спроведува ова финансирање кои се спротивни од тоа што се најдобри интереси за Македонија и ја погазува америкаската политика во светот. САД секогаш застанува на страната на слободата и добрата волја и кога ќе видиме дека пари кои биле наменети за да се помогне на Македонија наместо да ги промовораат овие вредности одат на сметка на организации кои ја поддржуваат идејата на Џорџ Сорос и како тој го гледа светот, а неговите вредности не се слобода, газат врз човековите права“, вели Франкс.

Конгресменот нагласува дека администрацијата на Обама била многу опуштена по однос на прашањето за финансирање, особено финансирање на левичарските движења, граѓански организации кои, како што вели, навистина воопшто не се борат за слобода.

„Администрацијата на Обама воопшто не се грижеше за ова, но сега новата администрација навистна се грижи за овие прашања. Конгресмени и претставници на новата админстрација ќе се погрижат парите се од американската мисија во Македонија навистина им помогнат на граѓаните, ќе застанат зад слободата и човековите права. До сега немаме добиено одговор од Американската амбасада во Македонија, а тоа е загрижувачко прашање па ќе бидеме приморани да превземеме одредени мерки по однос на финансирањето, доколку сме сигурни дека тоа финансирање во суштина не и помага на Македонија туку и одмага. Ние не сакаме да помагаме во финансирање на насилни протести кои би им наштетиле на граѓаните на Македонија. Сакаме да бидеме сигурни дека помошта која ја даваме без разлика дали е финансиска или дипломатска, помогне во слободата на граѓаните и нивните човекови права“, вели Франкс.

Џорџ Сорос, нагласува Франкс, “имаше бенефит од американскиот систем на многу начини, доби многу пари и тој на некој начин заборави дека никој од нас не е бесмртен и дека парите се трошат, па тој одлучи да ги троши парите и неговото време на начини кои ги загрозуваат човековите права и слободи и достоинство“.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -