fbpx
16 C
Skopje

Корнелиа Нинова: ГЕРБ и „Обединети патриоти“ нема да истераат 4. годишен мандат, ќе има нови избори

АКТУЕЛНО

Лидерот на БСП, Корнелиа Нинова во изјава за бугарските медиуми тврди дека овој парламент, со ова мнозинство составено од ГЕРБ и „Обединети патриоти“ нема да истера 4. годишен мандат.

„Отстапувањата од ветувањата кои им ги дале на граѓаните, доведуваат до разочарување кај самите граѓани и тие ќе станат незадоволни“, вели Нинова.

Ова е преголем компромис за партии кои до вчера беа нетпреливи едни кон други и со сосема спротиставени ставови – националисти со антиевропско однесување и граѓани за европски развој на Бугарија, додаде таа.

На прашањето дали со овие нејзини зборови навестува дека натпреварот се уште не е завршен и дека тие се наоѓаат на полувреме Нинова даде потврден одговор. „Да, токму за тоа зборуваме – за нови избори“.

Според неа претстојат расправии и пазарења за позиции и министерства. „При една критична ситуација во светот, Европа, но и на Балканот тоа мнозинство нема да биде стабилно“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -