14 C
Skopje

Коронавирусите и новата биолошки проблем во Грузија

АКТУЕЛНО

На почетокот на септември, на социјалните мрежи се појавија нови шокантни информации за наводно тајниот развој и истражување на американско биолошко оружје во грузискиот истражувачки центар и лабораторија Лугар.

Пентагон планира да ја претвори Грузија во најголемиот центар за биолошко истражување во странство, комбинирајќи ги своите воени ресурси со ресурсите на американскиот Центар за контрола на болести US Centers for Disease Control (CDC).

Податоците кои протекоа на Интернет деновиве ја претставуваат внатрешната официјална кореспонденција на грузиското Министерство за здравство и содржат детали за тајните проекти на американската влада вредни над 160 милиони долари, спроведени во истражувачкиот центар Лугар во Грузија. Истражувачкиот центар во Лугар е еден од многуте во светот кој што ги поседува и контролира САД. САД во Грузија изградија супер современа воена болница, и Грузија бара од САД да изградат уште една болница. Во Грузија се води широка дискусија за затворање на лабораторијата Лугар.

Анализата на документите укажува на тоа дека американски воени научници спроведуваат истражување за развој и употреба на разни лекови но и на забранети воени супстанции што можат да се користат како биолошко оружје. Меѓу нив може да има препарати што спречуваат но и предизвикуваат чума, сибирска јазва и многу други смртоносни болести. Истражувањата се вршат врз војници на армијата на Грузија, при што се испитуваат лекови и препарати за многу болести. Интересно е што претставниците на грузискиот здравствен систем не побарале од американската страна дополнителни информации или појаснувања во врска со работата на центарот.

Истражување на коронавирусите

Во 2017 година, Агенцијата за намалување на заканите од одбраната на САД (Defense Threat Reduction Agency) започна истражувачки проект од 6,5 милиони долари за истражување на коронавируси кај лилјаците на Кавказот и на Блискиот Исток

(Грузија, Ерменија, Азербејџан, Турција и Јордан), каде што „Центарот Лугар“ е одобрен како главна лабораторија за ова важно генетско истражување.

Целите на проектот се: Фаза 1. Да се фатат живи 5.000 лилјаци во период од 5 години (2017-2022)

2. Да се соберат 20 000 примероци (т.е. орални, ректални брисеви и / или измет и крв) и преглед за коронавируси користејќи консензуален PCR во регионалните лаборатории во Грузија и Јордан. Според презентацијата на проектот, Eco Health

Alliance веќе зеде примерок од 270 лилјаци од 9 видови во три азиски земји: 90 индивидуални лилјаци во Турција (август 2018 година), Грузија (септември 2018 година) и Јордан (октомври 2018 година).

Во исто време, американската компанија EcoHеalthAlliance (невладина организација за заштита на животот на луѓето, животните и животната средина од инфекциони заболувања), заедно со кинески научници од Институтот за вирусологија во Вухан, вршеа истражувања над лијлаци со изолирани коронавируси. Забележително е дека токму „EcoHеalthAlliance“, доби грант во висина од 3,7 милиони долари од Националниот институт за здравство на САД (National Institutes of Health NIH), веќе работеше во Кина од 2014 до 2019 година за да го проучува влијанието на инфекцијата со коронавирус на лилјаците.

Лабораторијата во Вухан е од четвртата генерација P4 и е изградена заеднички од страна на Франција и НР Кина, и истата беше пуштена во 2015 година, а официјално со работа започна во 2018 година за време на посетата на Макрон на НР Кина. P4 значи „највисоко ниво на патогеност“: во лабораториите од овој тип се изучуваат најопасните материи и микроорганизми кои предизвикуваат голема смртност во случај на ширење, немаат вакцина или ефикасен метод на лекување и можат да се шират со капки во воздухот. Слични лаборатории има околу педесет во светот, исто така имаат класификација на англиски јазик „BSL 4“ или ниво на биосигурност 4 со највисоки безбедносни барања. И нема повеќе од триесет лаборатории P4 кои се занимаваат со проучување на вируси во светот. Некои од нив работат под лиценца на СЗО.

А светот е во исчекување на вториот бран од ужасниот вирус COVID-19 кој што го постави светот на колена, и на вакцина против вирусот.

Извор ТУКА

Дарко Тодоровски

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...

Бројките се повторно страшни: За последните 24 часа од 1524 тестови, позитивни на Ковид-19 во земјата се дури 404 случаи

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 172, Куманово 15, Дебар 4, Штип 8,...

Васко Ефтов: Што не можел да направи Дурловски, а го зборувал? – дали поради ова Дурло го врати мандатот?

Веќе втор носител, од вкупно шест носители на изборните листи на ВМРО ДПМНЕ, си поднесе оставка во последните два месеци. Вчера, носителот на изборната листа...

ТАЖНА ВЕСТ Еден од најпопуларните политичари почина: Амди почивај во мир

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Фокус доби потврда од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат. Амди Бајрам пред само 6 дена...
- Advertisement -