fbpx
20.8 C
Skopje

Заев: Сите анкети се во наш прилог, довербата меѓу граѓаните уште повеќе ќе ја зајакнеме

АКТУЕЛНО

Сите анкети се во наш прилог, а со напредокот во евроинтеграциите и со добивањето покана за НАТО, довербата меѓу граѓаните уште повеќе ќе ја зајакнеме. Но, прашањето е во аргументацијата. Јас велам дека е подобро секоја влада да го заврши својот целосен мандат доверен од граѓаните, да покаже резултати, па после да излезе на мегдан. Исто така, не е добро за економските циклуси постојано да има предвремени избори, тоа ги нарушува плановите на бизнисите и граѓаните. Се разбира, прашањето на предвремени избори не зависи само од мене, туку од општиот политички амбиент и од однесувањето на сите политички субјекти и во таа смисла, ние ќе постапиме согласно највисоките и вистинските потреби на граѓаните и државата, истакна Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -