fbpx
13 C
Skopje

Коста Петров: Компаниите да ја искористат мерката за поддршка од 14.500 денари по вработен

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Ова е тежок период за сите нас. Од средината на март повеќето од нас си ги поставуваат истите неколку прашања. Како да продолжиме со работа? Како да ги зачуваме компаниите кои макотрпно сме ги граделе со години? Како да ги исплатиме платите на нашите колеги кои со годините станаа и наше семејство, во време на една од најголемите глобални кризи во светот?

Ова се тешки времиња за сите нас, но запомнете, оваа битка нема да ја водиме сами. Ќе го надминеме ова заедно. За да ги зачуваме работните места, Владата предводена од СДСМ, овозможи директна помош од 14.500 денари по вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата.

Преку оваа мерка ќе можете да ги финансирате потребите за платата на вашите колеги но и да ги зачувате нивните работни места за време на кризата.

Дозволете ми да одговорам на најчесто поставуваните прашања поврзани со оваа мерка. Како да дознаам дали можам да бидам корисник на мерката за финансиска поддршка на работодавачите од 14.500 месечно по вработен?

Оваа мерка можат да ја искористат сите компании кои ги исполнуваат следните услови: Намалени приходи од над 30% во април и мај споредбено со просекот од месеците во 2019та година.

Да не се исплаќа дивиденда или бонуси за време на користење на мерката. Да нема над 120.000 денари нето плата на над 10% од вработените. За кои вработени може да се искористи оваа мерка? Мерката е достапна за сите вработени кои имаат нето плата до 39.900 денари. За сите управители и сопственици со нето плата до 39.900 денари. Мерката може да ја користите и за вработените кои веќе ја користат мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите.

Би сакал да напоменам дека мерката не може да ја користите за вработени кои користат ослободување од придонеси од проектот “Македонија вработува 1 и 2” и вработени за кои ќе се користи антикризната мерка за 50% субвенции на придонеси
Како да аплицирам за мерката?

Поднесете барање до УЈП до 5ти во месецот преку системот Е-ДАНОЦИ. Во МПИН образец-от во полето 3.23 внесете шифра 619. Во случај да користите и мерка за покачување на платите, внесете ја шифрата 621.

Кога ќе ги добијам средствата на сметката на мојата компанија? Средствата ќе ги добиете најкасно до 13ти во месецот. Платата на вашите колеги ќе треба да ја исплатите до 15ти во месецот за претходниот месец.

Дали треба да ги вратам добиени финансиски средства? Средствата се враќаат само доколку остварите добивка во 2020 година. Она што би сакал особено да потенцирам е дека, враќањето е максимум до 50% од тоа што сте го добиле како финансиска поддршка

За крај, би сакал да напоменам дека за користење на оваа мерка, работодавачот треба да го задржи истиот број на вработени заклучно со јули 2020 година.

Мој апел до сите вас е да ја искористите оваа мерка. Некои се плашат да ја искористат мерката бидејќи се плашат од инспекции и казни. Апелирам, оваа мерка постои за да се помогне на сите работодавачи и работници а не да им се наштети. Да изградиме заедничка доверба и заеднички да ја пребордиме оваа глобална криза!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Сeстратa нa Тоше 14 години прави една иста работа на овој ден од овој детаљ на роденденската торта ќе ви надојдат солзи (Фoто)

Да беше жив денеска најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески ќе наполнеше 40 години. Како и секоја година ова е еден од двата најтажни денови...

ХОРОСКОП Љубов: ќе бидете одвоени од партнерот

ЉУБОВ: Ќе бидете одвоени од партнерот, но тој многу ќе ви недостасува. Ова ќе биде краток период. ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате. Бик (21.04 – 21.05) РАБОТА:...

Ни перде, ни срам: Среде бел ден kраде беkатон плочки (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како „граѓанин“ со охридски регистарски таблички среде бел ден си товари бекатон плочки во...

Ахмети за пописот: Албанците не може да бидат помалку од 25 %

Во интервју за гостиварската локална телевизија ТВ Глоби а на тема околу пописот во Република Македонија лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека сите...

НАЈНОВА ТАЖНА ВЕСТ: ДЕСЕТГОДИШНО ДЕТE НАЈМЛАДАТА ЖРТВА НА KOPOНАВИРУСОТ ВО ХРВАТСKА

Десетгодишно дете почина во текот на ноќва на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Загреб, како последица од koвид-инфекција. Момчето е најмладата...
- Advertisement -