18 C
Skopje

Kayla Muller: Крајот на Ал Багдади

АКТУЕЛНО

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

Ноќта помеѓу 26 и 27 – ми октомври беше завршена операцијата против лидерот на ИСИС Ал Багдади на северот на Сирија, во малото гратче Бариша, на 5 км од границата со Турција. Операцијата под кодно име „Kayla Mueller“ разработена од Командата за специјални операции на САД и спроведена од специјалната единица „Делта“ доведе до лоцирање и неутрализирање на Ал Багдади во доцните вечерни часови. Со тоа заврши повеќегодишната потрага по најбараниот терорист во светот, чија што глава беше барана од голем број на држави во светот и од нивните тајни служби. Многупати порано беше објавувано дека Ал Багдади е убиен, но потоа се појавуваа негови пораки, видео обраќања и говори. ИСИС 28 – ми октомври официјално објави дека е убиен нивниот халиф и дека е изберен негов наследник.

Доналд Трамп во своето победоносно обраќање до американската јавност 27 –ми октомври изјави дека Ал Багдади е ликвидиран, опишувајќи ги неговите последни моменти, и изрази голема благодарност до Русија, која што била информирана за операцијата, и помогнала истата да се спроведе, како и до Ирак, и до Курдите. Ликвидацијата на Ал Багдади е голем успех за Трамп, кој што од почетокот на својот мандат како главна цел си ја постави уништувањето на ИСИС. После ликвидацијата на Ал Багдади, повеќе од сигурно е дека Трамп си обезбеди уште еден претседателски мандат. Операцијата „Kayla Mueller“ доаѓа во најдобар момент за Доналд Трамп, кој што во последно време беше критикуван за своето решение за повлекување на воените сили на САД од Сирија, оставањето на цедило на Курдите, како и поради геостратешкиот пораз на САД на Блискиот Исток. Успешната операција од страна на САД беше поздравена од голем број светски лидери.

Потрагата по Ал Багдади траеше од 2011 година, кога неговата глава беше оценета на 10 милиони долари од страна на ЦИА. Ал Багдади е родум од Самара, Ирак, доктор по Исламски студии, и од 2004 година бил во редовите на Ал Каеда. Во 2004 година е уапсен во Ирак од страна на американските сили, и до 2009 година се наоѓал во лагер за затвореници Бука. После 2009 година е пуштен, по што тој пак се вклучува во редовите на Ал Каеда. Во 2010 година се одвојува од Ал Каеда и ја создава ИСИС, која што во периодот од 2014 до 2018 година создава квази – држава на териториите на Сирија и Ирак. Во 2014 година Ал Багдади се прогласува за халиф во Мосул.

Според информациите на Time, местоположбата на Ал Багдади била откриена благодарејќи на информациите добиени за време на испрашувањето на еден од неговите курири, кој што бил фатен во Ирак, како и информациите добиени за време на испрашувањето на една од жените на еден од воените команданти на ИСИС. Благодарејќи на тие информации, како и на соработката со ирачката тајна служба, на курдите, ЦИА успеала да ги состави маршутите по кои што се движел Ал Багдади со неговата придружба, како и местата каде што се криел. Пред околу еден месец ЦИА добила информации за неговата последна местоположба. Пред околу две недели од страна на мрежата на агенти во Идлиб бил препознаен еден од соработниците на Ал Багдади на локален пазар, по што истиот тој бил следен, и на тој начин било лоцирано местото каде што се крие Ал Багдади. Била обезбедено 24 часовно набљудување, преку сателити од вселената, беспилотни летала, па до агенти на терен. Неколку пати специјалната операција за неутрализирање на Ал Багдади била отложувана поради различни околности.

Според разузнавачки информации, веќе подолго време Ал Багдади со својата придружба се наоѓал во Идлиб, и голем дел од мештаните знаеле за неговата локација.

Интересно е да се дознае како Ал Багдади успеал да се префрли од Ирак до градот Бариша во Сирија, на 5 км од границата со Турција, и на 25 км од градот Идлиб, град кој што е под контрола на друга терористичка група која што е непријател на ИСИС. Целиот терен на Идлиб е под контрола на Ал Каеда, група која што е смртен непријател на ИСИС. Интересни се неговите маршути на движење низ територии кои што се под контрола на курдите и на воените сили на САД во централна Сирија и во близина на границата со Ирак, и на територијата на северот на Сирија која што е под контрола на терористите.

На 26 – ти октомври претседателот на САД, Доналд Трамп дава зелено светло за старт на операцијата под кодно име „Kayla Mueller“. Од Белата куќа, Трамп со вице-претседателот Мајк Пенс, министерот за одбрана Марк Еспер, советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан, како и претставници на армијата на САД и на тајните служби ја следеа операцијата во реално време. Операцијата започна во 23 часот по блиско-источно време. Осум воени хеликоптери, транспорните хеликоптери CH-47 Чинук на кои што биле специјалците од единицата „Делта“ и ударните хеликоптери Ah-64 Апачи полетале од воената база во близина на Ербала, Ирак и зеле курс на северот на Сирија.

Во 18 ч и 23 минути Доналд Трамп на Твитер напиша дека нешто големо се случува во моментот. После 1 час и 20 минути летање тие биле во близина на Бериша и ја започнале специјалната операција. Подршка им давале беспилотни летала од воздух, борбени авиони, а сателити обезбедувале постојана контрола на теренот. Хеликоптерите Апачи овозможиле безбеден десант на специјалците од хеликоптерите Чинук, и обезбедувале огнена подршка, и ги неутрализирале опасностите. После неутрализацијата на неколкутемина телохранители на Ал Багдади, специјалците влегле во домот каде што биле семејството и роднините на Ал Багдади, но таму не го нашле Ал Багдади. Тој заедно со трите негови деца пробал да избега преку тунел, но бил блокиран од страна на специјално обучено куче на армијата на САД. Ал Багдади го активирал појасот со експлозив и се разнел заедно со своите деца. Специјалците со себе зеле 11 заложници, како и остатоците од телото на Ал Багдади. Домот во кој што се криел Ал Багдади бил уништен со удар од воздух, од страна на американската авијација. Од Командата за специјални операции на САД објавија дека наскоро ќе излезат со повеќе и подетални информации, како и со видео од специјалната операција за неутрализирање на Ал Багдади.

И покрај ликвидацијата на Ал Багдади ИСИС не е поразен, и ИСИС функционира на начин кој што не зависи од лидерот како некои други терористички групи, и функционира по хоризонтала, со келии одвоени едни од други и без контакти. ИСИС има силни упоришта во Ирак, Сирија, Либија, Нигерија, Египет, Јемен, Сомалија, Афганистан, Филипините, Пакистан, Индонезија, и е далеку од пораз. Според последните разузнавачки информации од САД, Русија и од други држави, ИСИЛ постојано зајакнува и ја зголемува својата моќ. Борбата против тероризмот ширум светот мора да продолжи со здружени напори на сите светски сили и на нивните тајни служби.

Автор на текстот: Дарко Тодоровски

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -