fbpx
9 C
Skopje

Крис Ангелков, секретар при епархијата во Австралија со писмо до Владиците на МПЦ

АКТУЕЛНО

Мицкоски вели дека Заев ја користел состојбата на негова изолација, па тоа придонело за гласање на довербата на Владата

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас...

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Во писмо од една од највлијателните македонски заедници во светот од Синодот на МПЦ-ОА преку владиката Тимотеј се бара јасен став за актуелните случувања во Македонија.

Молкот на владиците не е прифатлива опција и затоа ќе го загубите најважното се предупредува во писмото упатено денеска до МПЦ-ОА.

Писмото е испратено од црковна заедница која што во битката за контрола на црквите во Австралија остана под јурисдикција на МПЦ-ОА.

Од САС на МПЦ-ОА се бара веднаш да запре прикриената поддршка за Владата на Зоран Заев.

Интегралниот текст на писмото:

Ваше Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј

Во име на Македонската православна епархија на Австралија – Сиднеј, која е под вашата надлежност, би сакале да ја изразиме нашата најдлабока загриженост околу привидната поддршка и помош што Светиот Синод на Македонската православна црква навидум и дава на компромитираниот режим на Зоран Заев и албанската коалиција на СДСМ. Овој режим ја става тесната политичка експедитивност пред легитимните национални интереси и стремежи на македонскиот народ во Република Македонија, во окупираните територии на Македонија и дијаспората низ светот.

Ние целосно го поддржуваме и му честитаме на Митрополитот Агатангел за неговиот храбар и принципиелен став во одбрана на нашето име и идентитет и со најискрена почит ве повикуваме вам и сите членови на Светиот Синод да го поткрепите Дедо Агатангел и да покажете дека Македонската Православна Црква навистина се грижи за иднината на нашата земја и националните интереси на Македонија, како што сте правеле низ историјата на Македонија.

Понатаму, ја повикуваме Македонската Православна Црква отворено да застане зад принципиелниот и храбар став на нашиот претседател Георги Иванов, кој силно ги брани интересите на нашата земја и нашиот народ наспроти огромните притисоци на оние кои што работаат и планираат да нè уништат. Никој не бара од Македонската Православна Црква да ја брани политиката на било која политичка партија, туку само го повикуваме Светиот Синод да го брани македонското име и идентитет.

Молчењето или немањето политички став при сегашната трагедија која се заканува да ја уништи нашата земја не е прифатлива опција и може само да резултира со тоа нашата Македонска Православна Црква сериозно да ја изгуби почитта на нашиот народ кога тој очајно бара водство и единство за надминување на закана која надвиснала над нас.

Го повикуваме Светиот Синод на МПЦ веднаш да ги повлечат сите барања МПЦ да се претвори во подреден огранок на било која друга православна црква. Признавањето на МПЦ од други православни цркви мора да се заснова врз принципите на еднаквост и взаемна почит и да се случи со прифаќање на нашето вистинско име, Македонска Православна Црква (О.А.)

Го повикуваме Светиот синод на МПЦ подитно да се произнесе и решително и отворено да повика на тотален бојкот на овој референдум и воедно официјално да ја поддржи кампањата “Бојкотирам” во Македонија.

Со почит и поздрав,

Крис Ангелков

Секретар на Македонската православна епархија на Австралија – Сиднеј

Извор: Експрес

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Мицкоски вели дека Заев ја користел состојбата на негова изолација, па тоа придонело за гласање на довербата на Владата

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас...

Фабрика на слатки облаци: Руски град во кој се патува поради совршениот традиционален десерт

Кога би се бирал „најслаткиот“ град во Русија, тоа би бил Коломна, кој е синоним за традиционалниот десерт од јаболка наречен пастила. Но, не дозволувајте...

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...
- Advertisement -