fbpx
18 C
Skopje

Кривична пријава за 47-годишно лице од Скопје поради детска порнографија

АКТУЕЛНО

Поради „производство и дистрибуција на детска порнографија“, МВР во текот на вчерашниот ден поднесе кривична пријава против В.Б. (47).

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи зарад сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ поднесе кривична пријава против В.Б.

По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека пријавениот преку социјалните мрежи за комуникација остварил контакти со малолетни лица при што биле разменети фотографии во електронска форма со експлицитна содржина.

Во врска со тоа, а по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во дом и други простории на пријавениот и притоа била пронајдена компјутерска опрема во која, по извршена форензичка анализа, биле пронајдени фото и видео материјали со порнографска содржина.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -