fbpx
37.8 C
Skopje

Кривични пријави против четири лица бидејќи Ловџиското здружение го третирале како приватна фирма

АКТУЕЛНО

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против З.П.(50), М.К.(60), А.С.(50) и С.П.(62) сите од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела: “злоупотреба на службената положба и овластување“, “проневера во службата“ и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Првопријавениот како претседател на здружението “Стрелачки клуб Штип“, во периодот од 27.01.2012 година до 01.08.2016 година искористувајќи ја својата службена положба и овластување и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати противправно присвоил парични средства во вкупен износ од 1.329.199 денари кои биле остварувани како приход во правното лице “Стрелец 2008“ ДООЕЛ Штип, врз основа на наплата на услуги за извршено полагање со дополнително оружје, додека второ, трето и четврто пријавените како управители во наведеното правно лице во наведениот период наместо парите од горепосочената сум да ги уплаќаат како дневен промет истите му ги предавале на првопријавениот.

Покрај ова, во периодот од 01.01.2015 до 30.07.2016 година првопријавениот противправно за себе присвоил уште околу 13.000 парчиња муниција останати од извршените обуки и полгање, а во вредност од околу 445.000 денари. Во истиот период првопријавениот незаконски потпишувал банкарски налози и неовластено исплаќал парични средства према доверителите во износ од 4.401.387 денари со што овозможил тие да се стекнат со некаква корист на штета на правното лице, а во периодот од 01.06.2013 до 31.08.2016 година во повеќе наврати незаконски потпишувал испратници за гориво кое не било полнето во возилото сопственост на здружението нанесувајќи штета во износ од 202.377 денари.

Во периодот од 2012 до 2015 година првопријавениот набавил над 2.000 броја прирачници за ракување со огнено оружје од правното лице „Лидеа принт“ Штип кои на кандидатите ги продавал по цена пониска од набавената при што го оштетил правното лице „Стрелец 2008“ Штип во износ од 117.645 денари, а  од правното лице „Лидеа принт“ Штип противправно се стекнал со парични средства од 36.000 денари на име наоѓање работа. Од извршениот претрес во домот на првопријавениот пронајдена и одземена е поголема количина на муниција која истата недозволено ја држел во домот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -