fbpx
19.8 C
Skopje

Кривопаланчанец претепал Црногорец поради љубовна врска со девојка!

АКТУЕЛНО

Во текот на изминатата ноќ, нешто по полноќ се случувало вистинска драма на улиците во Скопје.

Имено околу 00,30 часот во Скопје на бул. “Кузман Јосифоски-Питу“ И.Ц. (38) од Крива Паланка физички го нападнал Л.Р. (19) од Црна Гора, со привремено живеалиште во Скопје удирајќи го неколку пати најверојатно со боксирач во пределот на главата.

Веднаш после нападот напаѓачот со возило го напуштил местото на настанот. Околу 01.00 часот истиот бил запрен на автопатот Скопје-Куманово кај клучка “Илинден“ од патрола од МЕБПС по што бил приведен и задржан во ПС-Кисела Вода.

Повредениот Л.Р. со ИМП бил пренесен во ГОБ каде му биле констатирани телесни повреди и бил задржан за понатамошно лекување.

Причина за нападот најверојатно е расправија околу љубовна врска со девојка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -