fbpx
18.7 C
Skopje

Кржалоски: СДС ги потценува граѓаните со правење популизам и политика за Суперкупот

АКТУЕЛНО

Јавноста конечно разбра зошто владата процени дека ќе пропаднел Супер купот и како го спаси. Владата на големи звона пред 10 дена објави дека ќе пропадне Супер купот бидејќи претходната влада не го подготвила добро, дека не инвестирала доволно и дека таа е соочена со голем предизвик од пропаѓање на Супер купот, изјави денес Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ. Неговата изјава интегрално ви ја пренесуваме во продолжение.

Попусто ПУИК одговараше дека над 6 милиони евра се инвестирани и дека се е навреме завршено освен некои помали ситни работи кои се во тек. Сликата која владата ја престави беше небаре потребни се уште 15 милиони евра за изградба на нова трибна. Па во медиумите кои се под континуирана закана и притисок од владата, следеа натписи и прилози како сега со вонредни мерки и активности, од невозмозна ситуација и во последна минута владата ќе прави надчовечки напори за да го спаси одржувањето на Супер купот, предизвикано од претходната неодговорна влада.

По 10 дена истата влада пак на големо звона објави дека нашла соломонско решение. Прво објави дека ,,крупниот недостаток,, биле некој клими во износ од 115 илјади евра, а вториот дека ПУИК од својот буџет да си ги обезбедел бидеќи ги имал во буџетот. И нормално нова тура фалење на влада и афирмативни прилози од истите медиуми дека владата нашла спас и во минутa до 12 го спасува супер купот.

СДС додека беше во опозиција континуитано ја потценуваше интелегенцијата на граѓаните на Македонија. Сега продолжува со истото. Во случајот со наводното пропаѓање и мудар спас од владата на одржувањето на фудбалскиот Супер куп. Следна приказна ќе биде со двата автопати чија градба ја запреа за да покажат дека има огромен проблем кои тие треба да го решат. А всушност се работи за тековни проблеми при градба на секој автопат кои се решаваат во од. И кормално по некое време и за ова ќе излезат и ќе објават дека нашле решение, а преплашените медиуми ќе ги отворат вестите тој ден со ,,радосната вест,,.

Решението кое го понудила владата на СДС и не е решение. Тие донеле одлука, па го преиначиле во заклучок да се задолжи ПУИК да обезбеди средства од самата компанија. Доколку тоа беше возможно да се направи немаше да преставува проблем. Што значи дека ова е случај за правење на популизам и политика, а не реален случај каде постои проблем.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -