fbpx
14.8 C
Skopje

„Куќата на мирот“ е местото каде што ќе се сретнат Трамп и Ким Џонг-ун

АКТУЕЛНО

Американскиот преседател Доналд Трамп денеска навести дека „Куќата на мирот“, што се наоѓа на границата помеѓу Северна и Јужна Кореја, би можела да биде местото на состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

– Разгледуваме многу држави како место за состанок, но дали „Куќата на мирот“ на границата помеѓу Северна и Јужна Кореја, би била порепрезентативна, поважно место од некоја трета земја? Само прашувам!, напиша Трамп на Твитер.

Трамп вчера изјави дека средбата со Ким би можела да се случи во следните три или четири недели.

– Тоа е многу важен состанок за демуклеаризација на Корејскиот Полуостров, посочи Трамп.

Средбата Трамп – Ким е планирана за крајот на мај или почетокот на јуни.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -