27 C
Skopje

Кумановец доби 50.000 евра на грепка во Германија

АКТУЕЛНО

Кумановец завчера изгребал 50.000 евра на грепка во Нирнберг, во германската покраина Баварија.

Тој додека патувал кон Македонија застанал на бензинска пумпа да се одмори и притоа се одлучил да си ја проба среќата.

– Не сум редовен играч на лото ниту пак на спортска прогноза. Од забава купив еден лоз кој чинеше 2 евра. Почнав да гребам и на две места ми се појавија по 50.000 евра. Почна да ме обзема возбуда, но не верував дека ќе добијам нешто. Кога ја изгребав и последната од трите исти бројки не можам да ви го опишам чувството. Помешани емоции од неизмерна среќа до неверување дека ја добив главната премија , – раскажува возбудено нашиот сограѓанин, кој додава дека за Божиќ паричката се паднала кај него и ова е првата потврда дека среќата оваа година ќе биде на негова страна.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Цаца Биљановска поднела приговор за казната од 10.000 евра, денеска се појави во суд

Поранешната директорка, а сега докторка на Кожната клиника, Нина Цаца Биљановска поднела приговор на предлогот на Обвинителството да биде казнета со 10 илјади евра...

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Тестот е со...

Се формираат регионални „Ковид – центри“ во 16 општини

Градоначалниците на 16 општини во земјава го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-центри“ во...
- Advertisement -