17 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кутија за чување

Девојката стоеше на врвот на карпата. Држеше кутија во рацете. Истата кутија во која ги собираше сите свои мисли раситнети на парчиња. Имаше таму и мисли на други луѓе. Тие потешко се ситнеа. Но поминуваше доволно време работејќи на нив. И некако успеваше да ги претвори во ситна прашина на крајот.

Веќе и тежеше таа кутија. Беше полна песок и камчиња. Порано и личеа на скапоцен накит. Ама сега веќе гледаше дека тие шарени светкави кристалчиња се товар. И не треба тој товар да се влече со себе на патот на кој беше решена да тргне.

Беше чула за Икар. Сакаше да оди и да го види тој човек што направил крила и умеел да лета. Не беше дочула за неговиот неславен крај. Но можеби и така е подобро. Кога би знаеле се како би го посакувале невозможното додека да го направиме можно? Сака и таа да лета. Можеби ќе сака да ја научи. Но патот беше долг три дни. Не можеше многу да понесе. А немаше кому да остави да и чува за кога ќе се врати. А и кога ќе се враќа летајќи… Па сигурно не може да лета со тежок товар, си мислеше.

Ја држеше кутијата. Не беше едноставно да се оддели од она на кое работеше дење и ноќе со години. Додека ветерот безмилосно ја удираше карпата на која стоеше, фрлајќи ги брановите што и го мокреа фустанот, таа не се помрдна. Да не беше нејзината лелеава коса и развеаното здолниште, нејзиниот привид би личел на статуа која упорно гледа во хоризонтот на морето. Беше сиво небото и темно морето.

Почна да станува студено. Но таа смрзнатите дланки уште ги чуваше на кутијата.

Многу и беше драга. Таму спиеја сите нејзини соништа. Но и кошмари. Реши да ја истури содржината, но да ја сочува кутијата. Безброј ситни камчиња се стркалаа во морето. А тоа беснееше во силни бранови.

Ја затвори. Што е сега таа кутија? Сеќавање? Или пак ќе ја полни? Во еден замав ја фрли и кутијата плесна во морето. Таква кутија не им е потребна на луѓето што летаат, си рече и побрза во куќата. Наближуваше бура.

Автор: Ивана Китка

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Страшна вест од Кочани: Едно лице ја загуби битката со корона вирусот

Едно лице од Кочани, ја загуби битката со корона вирусот, потврдуваат за „Слободен Печат“ официјални избори од Општина Кочани односно градоначалникот Николчо Илијев. Веста ја...

Во соседството за карантин се користат мигрантски центри и шатори, во Македонија хотели и пансиони

Освен што се пред сериозен предизвик да го обезбедат јавното здравје дома, државите во оваа светска пандемија на коронавирусот се исправени и со извелкување...

Ако не се реагира на време, Кочани може да биде ново Куманово – истокот пред сериозен тест

Новите шест случаи на лица од Кочани заразени од коронавирусот беа повод градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев да свика итна седница на Општинскиот...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.