fbpx
18.7 C
Skopje

Квази демократија и непредметна дискусија од Никола Шиндре

АКТУЕЛНО

Пишува: Мартин Додевски

 

Дали треба да ја наречеме “шиндрефилија” појавата на пишување текстови од непознавање на основни логики на општествено уредување, правни норми, заштита на поединецот во општеството и слично. Значи толку фама се крена од толку проста работа бидејќи колективно изгледа сме интелектуално непотковани ни како народ ни како младина исто како и авторот на колумната.

Имено, јас ја сакам слободата на поединецот во својата максимална форма како и правната заштита на поединецот од страна на системот па од тука и немам проблем две индивидуи да имаат било каков меѓуебен однос по своја волја.

Меѓутоа, има нешто што се вика заштита на поединецот со одредени ограничувања од системот со кои поединецот може несвесно да си наштети од незнаење и несвесност за своите постапки и последиците од нив. Има еден куп закони како на пример оној кој не’ ограничува да не возиме велосипед без заштитна кацига. Возењето велосипед без кацига не може да предизвика опасност кон другите учесници во сообраќајот туку само и само може да се одрази на безбедноста кон нас самите, со тоа системот ја штити нашата безбедност од нашето сопствено непознавање и несвесноста дека може да ни биде загрозена.

Во однос на темата во колумната на Шиндре, текстот во својата основа содржи непознавање за тоа дека сите закони поврзани со малолетство се закони кои го штитат поединцот од своите несвесни одлуки безразлика дали во моментот ја носи одлуката по своја волја. За тоа секое општество има дефинирано граница на возраст која најчесто е 18 години (ама и немора да значи), тоа е граница за која се смета дека индивидуата е зрела да носи одлуки за кои е свесна за последиците. Поентата е дека малолетно лице може да носи одлуки и постапки за кои не е свесна и доволно едуцитана како тие одлуки ќе се одразат по сопственото здравје и безбедност, па од тука, системот дефинира правила со кои ќе ги заштити здравјето и безбедноста на малолетните лица.

Темата на колумната апсолутно нема никаква врска со отварање дебата за табу теми туку едноставно е инспирирана од непознавање на правните и општествени норми и зошто постојат. Едноставно треба сите во ова општество да знаеме зошто малолетните лица се сексуално незрели или несвесни за своето сексуално здравје и треба да е смешно ако некој ова го нарече табу тема. Единствена легитимна и логична тема би било доколку се отвори прашањето дали во нашето општество треба да се смета полнолетство на помала или поголема возраст од 18 со оглед на едукацијата и образованието, но се сомневам дека со вакви текстови и читатели би требало да се намали границата, напротив.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -