10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Лавина реакции по изјавите на Митрополитот Амфилохије дека Вучиќ ќе го предаде Косово

Лавина од реакции покренаа изјавите на Митрополитот на црногорско-приморската епархија на СПЦ-Амфилохије. Тој изјави дека се плаши оти политиката на Александар Вучиќ води кон предаство на Србија и на Косово и дека Апелот за одбрана на Косово и Метохија, што и тој го потпиша бил напишан поради недовербата и комбинациите кои се прават.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека нема да ги коментира изјавите на Амфилохије до недела, односно „Стара нова година“, но владините функционери од СНС веднаш реагираа.

Секретарот на кабинетот на српскиот претседател, Никола Селаковиќ изјави дека Амфилохије се знимаваа со магии кога говорои за неговото стравување дека Вучиќ ќе го продаде Косово.

– За изјавите на Амфилохије Радовиќ би можел да говорам со часови. Што друго можете да очекувате од човек кој за Вучиќ веќе два пати одржа опела, изјави Селаковиќ.

Вицепремиерката Зорана Михајловиќ, смета дека Косово не е тема за која Амфилохије ќе ги дели луѓето на патриоти и предавници. Според неа, претседателот Вучиќ веќе истакнал дека нема да се меша во црковните работи, па побара Амфилохије да не ја води државната политика на Србија.

Реагираше жестоко и министерот за одбрана Александар Вулин кој изјави дека „..од клетвите на Амфилохије, ниту еден Србин на Косово нема да зајакне….Амфилохије Радовиќ, мене и Александар Вучиќ- на два пати живи не погреба, држејќи ни опела и против човечките и против божјите закони“.

Изјавата ја прокоментира и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ кој изјави дека ставот на Амфилохије против српскиот претседател Вучиќ се нарачани напади во функција на дисквалификација на секој кој на таков начин настапува како претставник на црковните власти. Тој изјави дека се срами како верник и СРбин што претставник на СПЦ говори на таков начин.

Во изјавата Амфилохије нагласи и дека „ставот на Вучиќ да се консултира со интелетуалците за прашањето за Косово е стремеж на српскиот претседател за намалување на неговата одговорност по ова прашање

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави