fbpx
35.8 C
Skopje

Лазаров по Унгарија, Хрватска и Шпанија, ќе заигра и во Франција!?

АКТУЕЛНО

Најдобриот македонски ракометар и еден од најдобрите десни бекови на денешницата, Кирил Лазаров многу веројатно по крајот на тековната сезона ќе го напушти тимот на Барселона.

Така веќе уште со почетокот на календарската година започна трката за потписот на нашиот бомбардер. Откако во својата кариера Лазаров настапуваше во Веспрем, (Унгарија), ППД Загреб (Хрватска) и Сјудат Реал, Атлетико Мадрид и Барселона (Шпанија), би можело од новата сезона да го гледаме во Франција.

Веќе два клубот се спомнуваат како најсериозни кандидати, а тоа се имињата на Шамбери како и Нант од каде што веќе и јавно го потврдија интересот, откако нивниот претседател, Плетиер истакна дека евентуален ангажман на Кире би било големо нешто за клубот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -