fbpx
2 C
Skopje

ЛДП: Груевски да даде отчет за лажираниот инвестициски бум

АКТУЕЛНО

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА Министерството за труд и социјална политика информира...

НАЈНОВО: TOЛКУ ОД УБАВОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – СЛЕДУВА ГОЛЕМА ПPOМЕНА ОД УТРЕ

Утре во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Во сабота поради продор...

Рускиот астролог Василиса Володина открива: 3 хороскопски знаци кои ги чека парична добивка во март

Очигледно дека благосостојбата ги чека овие три знаци од Зодијакот оваа пролет. Проверете за што станува збор. Рускиот астролог Василиса Володина вели: 1. Можеби мислите дека...

Спасовски се огласи за ТиkТоk: Aпелирам за внимателно користење на социјалните мрежи

Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија...

Либераллно демократската партија преку соопштение бара отчет од Никола Груевски за лажираниот инвестициски бум, кој како што велат тие никогаш не се случил.

Во продолжение целото соопштение на ЛДП:

Независните новинарските истражувања го разобличија и потврдија популизмот на владеjачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, која цели 10 години предводена од Никола Груевски ги лажеше и замајуваше граѓаните со бум од странски инвестиции и нови работни места.

Најновото истражување на БИРН покажа дека во последните 10 години од помпезно најавуваните 3,8 милијарди евра, инвестирани се само 580 милиони евра. Од најавените 60 000 нови вработувања, реализирани се само 20 000 нови работни места.

Пропаднаа во вода лагите на Груевски дека од Македонија направил одлична бизнис дестинација, со голем економски потенцијал и “сцена за светската бизнис публика“.

Наспроти оваа вистина, власта потроши најмалку 200 милиони евра за привлекување на странски капитал.

Во изминативе 10 години од буџетот на Република Македонија се одвојуваа по 20 милиони евра годишно само на име и на сметка на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и Дирекцијата за трговско-индустриски развојни зони.

Ако се земе предвид дека за одредени странски инвестици се издвојуваа средства и од други институции, како фондовите за здравствено и пензиско осигурување, општините, јавните претпријатија и други, јасно се потврдува дека најавената економската преродба на ВМРО-ДПМНЕ ја чини Македонија повеќе од колку што добила за возврат.

Затоа го повикуваме Груевски и неговиот инвестициски „дрим тим“ да дадат отчет пред македонските граѓани за нереализираниот „инвестициски бум“. Нека одговорат со факти и бројки која е сумата на пари кои ги добила Македонија назад од секое инвестирано евро за привлекување на странски инвестиции?

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Нов Зеланд се тресе како вејка на ветрот: Трет силен земјотрес. Издадено предупредување за цунами

Трет силен земјотрес го погоди Нов Зеланд за само неколку часа. Магнитудата овој пат беше 8,1 степен, што е најсилна од трите земјотреси. Можни се...

Доктор Николов го повика Филипче на ТВ Дуел: Министре излезете со мене на дебата наместо да се самофалите

Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов, го повикува министерот за здаравство, Венко Филипче, на дебата на која би дискутирале за актуелните...

Ако не сакате да одите во теретана, а да изгледате згодни, ова е решение за вас (Видео)

Дечкото одлучил дека не му се исплати да оди во теретана кога Алиекспрес има достава до дома, пишуваат нашите колеги од Мотика.мк во description...

Стојан за Нимет: Е тоа е соживот, ниту го знам ниту го познавам, но ме контактираше на фб за да ми помогне

Некои гестови и постапки заслужуваат јавна благодарност. Денес во Скопје брзајќи да стигнам на работен состанок ја изгубив возачката дозвола. Еден час подоцна добив...

Дали сте знаеле дека во македонската азбука има две зборчиња? Погледнете!

Македонската азбука ја учиме уште во предучилишна возраст, а потоа истата ја користиме целиот живот. Но, ретко кој забележал дека во нашата азбука се кријат...
- Advertisement -