fbpx
12.8 C
Skopje

Ле Пен: Ако победам на изборите ќе го укинам Шенгенскиот договор

АКТУЕЛНО

Марин Ле Пен, претседателскa кандидатка за крајната десница на престојните избори во Франција, изјави дека ќе ја укине Шенгенската спогодба за слободно движење и дека ќе ги избрка од земјата сите странци кои имаат „досие дека се радикални исламисти“, доколку издвојува победа на претстојните избори.

Марин Ле Пен исто така вети дека ќе ги намали за 10 проценти првите три рати на данокот на приход, и ќе ја намали старосната граница за пензија. Таа планира да воведе пензија на 60 години за вработени со 40 години стаж.

Покрај укинувањето на Шенгенот, кандидатката на крајната десница повторно ќе воведе контрола на границите, ќе ги протера странците со сомнителни досиеја поврзани со радикалниот ислам, и ќе им го одземе државјанството на оние со двојно државјанство, кои „имаат врски со џихадистите“.

Според последната анкета, Марин Ле Пен е во блага предност во однос на кандидатот на центарот Емануел Макрон и тие двајцата би можеле да бидат победници во првиот круг избори. Првиот круг на претседателските избори во Франција ќе се одржи 23. април.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -